Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Илиевска: Ако Талески беше во Шутка, како ќе раководеше со општината?

1
By Нова ТВ on August 30, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 30, 2016 13:11

Советничката на општина Битола Габриела Илиевска поднесе барање до Основниот и Апелациониот суд, како и до Специјалното јавно обвинителство да дадат мислење како се применува Законот за кривична постапка со случајот со градоначалникот Владимир Талески, кој веќе два месеца од куќен притвор раководи со општината.

Илиевска вели дека градоначалникот од дома доставил и Квартален извештај за буџетот на општината и прашува доколку тој може да работи од дома, зошто останатите вработени во општината мораат да се појавуваат на работното место.

Советничката поднела барање и до правната комисија на Собранието на Република Македонија за правно толкување на Законот.

-Ова го барам со цел да може да се расчисти околноста во која се наоѓа Битола од јуни годинава, откако лицето Владимир Талески се наоѓа во домашен притвор. Дали ова лице после оваа мерка има право да потпишува документација од станот каде се спроведува мерката, дали други лица без дозвола на судијата на претходна постапка смеат да го посетуваат, дали овие лица смеат да му прилагаат документи на разгледување и потпис и дали смее при подигнато обвинение против него за основано сомнение дека сторил кривично дело  Злоупотреба на службената  положба и овластување од член 353 од К З на РМ да раководи со Општина Битола од неговиот дом? прашува Илиевска.

Таа обвинува дека Талески е „зет-домазет“ во Битола, кој се однесува како градот да е во негова сопственост.

-Дали доколку Талески беше притворен во Шутка, општината ќе работеше на ист принцип и ќе го посетуваа луѓе постојано за да потпишува документи? Живееме во ненормална општина, вели советничката.

Колешката на Талески и претходно алармираше дека законот и статутот се прекршени од владејачкото мнозинство и Талески бидејќи тие не назначиле заменик градоначалник од редот на советниците кој би го заменувал во вакви случаи.

Според Законот за локална самоуправа и Статутот на општина Битола, градоначалникот во рок од 60 дена по неговиот избор, треба да назначи заменик во случај тој да биде привремено спречен да ја извршува функцијата.

НОВА ТВ иако испрати барање до општината Битола уште пред еден месец, се уште нема добиено одговор зошто се уште не е назначен заменик за Талески во општината.

Претходно и од општинската организација на НСДП од Битола, изразија сериозна загриженост дали мерката куќен притвор определена врз градоначалникот Владимир Талески се спроведува и исполнува според закон.

„Со оглед на признанието на осомничениот Владимир Талески дека и покрај мерката куќен притвор тој и понатаму раководи и потпишува документи, а постои опасност осомничениот да не го повтори делото, влијае на сведоците.“, велат од НСДП.

Талески признава дека си работи од куќен притвор

За време на седницата на Апелационен суд, на која СЈО образложуваше зоштотреба да продолжи мерката куќен притвор, се појави и битолскиот градоначалник. По завршувањето на седницата тој за медиумите изјави дека се чувствувал супериорно и дека нема ништо спорно во тоа што раководи со општината од дома.

-Многу пријатно се изненадија моите соработници,затоа што СЈО уште еднаш дојде да провери дали градоначалникот потпишува, се разбира дека потпишувам јас имам мандат и освен мерката куќен притвор немам ниедна друга забрана, рече Талески.

Што кажува законот?

Според член 52 од Законот за локална самоуправа, Градоначалникот треба да определи кој од членовите на советот ќе го заменува во случаи на спреченост или отсуство. На членот на советот кој ќе биде избран, му мирува функцијата член на советот додека го заменува градоначалникот.

Претседателот на советот не може да го заменува градоначалникот.

Според член 58 од Статутот на општината, во рок од 60 (шеесет) дена од денот на преземањето на функцијата градоначалник е должен со решение да го определи членот на Советот кој ќе го заменува.

Специјалното јавно обвинителство ги товари Талески и уште 22 лица за злоупотреби со превозот на ученици во Битола, тешки 360.000 евра, во случајот „Транспортер“.

Случајот со превозот на учениците, беше споменат и во 19. „бомба“ на опозицијата, во која министерот за финансии Зоран Ставрески во разговор со екс-министерката за внатрешни Гордана Јанкулоска, споменува дека битолскиот градоначалник за превоз на учениците склучил договор „коруптивен до даска“ со цени десет пати повисоки од предвиденото.

Предмет Транспортер: Криминални зделки со превоз на ученици во Битола

Владимир Талески општина битола СЈО транспортер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.