НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Илиев: Едно се притворите во истрага, а друго кога има обвинение

1
By Нова ТВ on March 28, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Барањето на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и одлуката на Кривичниот суд да им одреди затворски притвор на петмина од осомничени за минатогодишните насилства во Собранието од 27 април – Митко Чавков, Митко Пешов, Оливер Поповски, Душко Лазаров и Горан Ѓошевски е согласно законот и во нив нема ништо спорно, вели за НОВА, поранешниот претседател на Врховниот суд, Дане Илиев.

Во јавноста се наметна дилемата дали Кривичниот суд на барање на Обвинителството може да им одреди притвор на осомничените за насилствата во Собранието, откако Врховниот суд пред само неколку дена одлучи да им ја укине оваа мерка и да ја замени со куќен притвор. Дел од адвокатите на осомничените обвинија за непочитување на одлуката на Врховен.

Илиев за НОВА вели дека нема колизија меѓу одлуката на Врховен од пред три дена, кој им го укина притворот на петмината осомничени и им одреди куќен притвор, и последната одлука на Кривичен за нивно враќање во „Шутка“.

Тој истакнува дека одлучувањето за притвор додека трае истрагата е една, а одлучувањето во фаза кога е поднесен обвинителен акт е друга работа.

-Режимот на притвор додека предметот е во фаза на истрага, пред поднесување на обвинение е различен од оној по поднесувањето на обвинителен акт. Тоа што одлучуваше Врховниот суд во фаза на истрага едно, а тоа што се одлучува сега по поднесен обвинителен акт е друго. Тоа што одлучуваше Врховен е завршено. Штом е поднесено обвинение, обвинителот може да бара притвор за осомничените-вели Илиев.

Тој не се согласува со тврдењата на дел од адвокатите на осомничените дека Кривичниот суд во Скопје се прави попаметен од Врховниот кога е во прашање повторениот притвор за дел од учесниците со насилниот упад и насилствата во Собранието.

-Синоќешната акција покажува конфузија и хаос, не се знае чија одлука треба да се почитува. Евидентно е непочитување на одлуката од Врховниот суд, која е сменета за еден ден. Тука имаме и селективна примена на законот. Обвинителството побарало притвор за сите лица на кои мерката притвор им е заменета за куќен притвор, а од Судот одобрено е во повторен притвор да заминат само припадниците на МВР. Ние правниците учиме дека треба да се почитува одлуката на Врховен суд, кој ја проценил состојбата и утврдил дека треба куќен притвор. Трипати понизок суд вели Врховниот суд нема поим, ние знаеме повеќе, рече адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, бранител на еден од осомничените.

Според адвокатот, судот си игра со човечките судбини, постапувајќи со двојни аршини.

-Обвинителството е една од странките. Имате ситуација во која судот постапува по барање на Обвинителството, а бранителите спијат. Тука немаме правен механизам. Што ако сакавме да дадеме гаранција или, пак, некој човек е смртно болен? Немате еднакви права. ОЈО e привилегирано во конкретниот случај, но и во сите постапки – додава Давидовиќ.

 

Инаку, членот 322 од Законот за кривична постапка вели дека ако во обвинителниот акт е ставен предлог против осомничениот да се определи притвор, или прет ходно определениот притвор да се продолжи или осомничениот да се пушти на слобода, или да се определи некоја мерка за обезбедување присуство, за тоа одлучу ва советот од членот 25 став 5 на овој закон веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа.

Врховниот суд во понеделникот, неделава одлучувајќи по жалби на осомничените им го замени затворскиот притвор на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, на Горан Ѓошевски, од обезбедувањето на поранешниот спикер Трајко Вељановски, на Душко Лазаров и Оливер Поповски од МВР и на Мумир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање.

Со одлуката на Врховен од „Шутка“ во куќен притвор заминаа и пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски, а на осомничените пратеници Љупчо Димовски , Јохан Тарчуловски, на Елена Божиновска и за Игор Дурловски, еден од организаторот на протестите „За заедничка Македонија“, им ја укина мерката куќен притвор и им определи мерки за претпазливост.

Вчера ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение против 30 лица за насилствата од 27 април, од кои 28 се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на РМ, а две лица за помагање при извршување на истото кривично дело. Со обвинението, ОЈО до судот поднесе и барања за продолжување на мерките притвор и куќен притвор, ценејќи дека се уште постојат законски основи за нивно определување.

 

 

Утрово, од Основниот суд Скопје 1 соопштија дека Кривичниот совет на судот делумно го прифатил барањето на Обвинителството и им одредил 30 дена притвор на Чавков, Пепиќ, Поповски, Лазаров и Ѓошевски.

Од судот денеска информираа дека предлогот на Обвинителството за пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски е одбиен како неоснован и за нив продолжува мерката куќен притвор што им ја одреди Врховниот суд. За пратениците Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, службеничката во Собранието, Елизабета Божиновска и за Игор Дурловски, исто така остануваат мерките за претпазливост што им ги определи Врховен во понеделникот.

-За преостанатите лица опфатени со предлогот на обвинителството, предлогот делумно се уважува и се продолжуваат мерките притвор и мерките куќен притвор, претходно определени со решение на Апелациониот суд – Скопје, стои во соопштението.

Во „Шутка“ и понатаму остануваат Горан Ангелов од патриотското здружение „Ќосето“, Захарие Симовски, Илија Славевски, Влатко Трајков и Вилијам Михајловски.

27.април Врховен Давидовиќ Дане Илиев ЈОРМ Кривичен обвинение притвор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.