Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Илјадници млади Французи протестираат против полициска бруталност

0
By Нова ТВ on February 23, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 23, 2017 18:10

Под мотото “Освета за Тео” околу 1.000 луѓе излегоа повторно на протест во Париз против полициската бруталност, расизмот во француската полиција но тие исто така бараа социјална правда за младите Французи со муслиманско потекло кои се често дискриминирани.

На протестите денес беа уапсени над 20 лица а 16 гимназии беа блокирани од демонстрантите.

Протестот почна на Плоштадот на Нацијата утринава на повик на анти-фашистичките движења.

Во изминатите денови овие движења протестираа поради насилството врз 21 годишниот Тео кој беше жртва на полициски насилство и силување на полициска палка.

Некои групи млади демонстранти беа маскирани и уништија неколку автомобили и автомати за пари. Тие се обидоа да ги урнат полициските огради а полицијата одговори со солзавец. Еден професор беше ранет од удар со апарат за гаснење пожар.

Министерот за внатрешни работи повика на смирување.

«Јасно е дека емоциите на младите се разбирливи поради аферата Тео но треба да и се остави место на правдата да го каже својот збор», изјави министерката за образование. Таа рече дека верува во правдата која би требало со голема решителност да реагира на полициската бруталност.

Koj ќе нé заштити од полицијата?

Случајот на Тео

Случајот на Тео ја вознемири Франција на почетокот на февруари и ги извади луѓето, особено младите, на протести.

Младиот човек беше уапсен на 2 февруари. Тео на истрагата и раскажа дека тој ден додека се движел низ квартот видел пријател што го контролирала полицијата. Тео се доближил да види што се случува и добил наредба од полицијата да застане до еден ѕид за да може полицијата да провери дали е вооружен. Полицаецот се заканува со казна од 450 евра. На ова пријателот на Тео прашал зошто а одоговорот на полицаецот дошол во вид на шамар. Тео одлучил да го брани пријателот кој добил шамар по што полициските агенти почнале да со расистиички навреди и тепале а еден од нив ставил во анусот на Тео полициска палка. Тео завршил во болница каде што биле констатирани повреди и силување.

Обвинителството отвори истрага за насилство и силување против полицајците. Некои полицајци беа суспендирани а тројца добија забрана за вршење на оваа професија. Но демонстрантите бараат полицајците да бидат изведени пред кривичен суд.

Медиумите исцрпно известуваа за случајот на Тео. Дури и претседателот Оланд дојде во болница да го посети Тео.

Ова не е прв пат да дојде до полициска бруталност во Франција. Протести има и во други француски градови каде што исто така има инциденти и судири со полицијата.

полициска бруталност Тео Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.