Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Илјадници Романци се подготвуваат за петти ден протести против владата

0
By Нова ТВ on February 4, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 4, 2017 14:21

Романците се подготвуваат на петти ден протести против владата. Илјадници Романци ќе маршираат кон Парламентот. Романците не сакаат да и дозволат на владата на ја примени наредбата која им одговара на голем број политичари осомничени за малверзации.

На протестите Романците излегуваат со вувузели и романски знамиња и ќе одат кон Парламентот, огромната палата што ја изгради поранешниот комунистички диктатор Николае Чаушеску.

Ова е најголемата административна зграда во светот и денес се очекува повторно да излезат дестици илјади луѓе за да го кренат гласот против наредбата, донесена во вторникот од социјалистичката влада, која го «омекнува» антикорупциското законодавство.

Толку голем бран протести не е забележан уште од падот на комунизмот пред 27 години. Во петокот вечерта 100.000 луѓе беа собрани во Букурешт и ја пееја химната “Разбудете се Романци” а уште 100.000 луѓе протестираа во другите градови.

Владата вели дека нема да отстапи од наредбата и тврди дека “сака да оди напред” со кривичната реформа.

Претседателот на Романија, Клаус Јоханис, го одобрува бранот протести. На враќање на Малта каде што учествуваше на самитот на ЕУ, тој изјави дека европските лидери се загрижени поради ситуацијата во земјата.

Романскиот претседател им дава поддршка на демонстрантите.

“Зборував со многу од присутните. Неколку луѓе ме замолија да објаснам што се случува во Романија. Сите тие се заинтересирани и загрижени од настаните во земјата и изразија надеж дека Романија ќе продолжи со почитување на законите”, рече претседателот.

Наредбата на владата, доколу се примени, ќе овозможи ослобдување од затвор на сите осудени во случаи на корупција кои не надминуваат сума од 44.000 евра.

Истовремено, ќе му овозможи на лидерот на социјалистите Ливиу Драгнеа да избегне затвор иако се осомничен за фиктивни вработувања и изборна манипулација. Тој сакаше да стане премиер по изборите кои се одржаа на 4 декември. Но токму поради случаите на корупција во кои е осомничен мораше да се откаже од оваа функција.

Клаус Јоханис Ливиу Драгнеу протести Романија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.