НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Има ли иднина за „Отворен Балкан“ откако Рама го нарече „завршена мисија“?: „Иницијативата е американска, Рама игра на картата на Европа која е слаба“

0
By Ана Василевска on July 4, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Од отворањето на самитот на Отворен Балкан
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дали албанскиот премиер Еди Рама во саботата навести дека е можен крај на иницијативата „Отворен Балкан“? Тој во интервју зборувал за „Отворениот Балкан“ во минато време, како да е веќе завршена мисија, пишуваат албанските медиуми.

„Берлинскиот процес е нашата главна оска. Отворен Балкан беше иницијатива која се роди од потребата да се турка напред кон Берлинскиот процес и ја исполни мисијата за која е роден. Сега мораме да се втурнеме во Берлинскиот процес бидејќи ја имаме оваа можност, го имаме Берлинскиот процес во Тирана“, рекол албанскиот премиер.

Српскиот претседател се огласил и истакнал дека веќе се дел од Берлинскиот процес.

„Не сум сигурен дека тоа е точно она што тој го кажа, но се надевам дека наскоро ќе можам да го видам. „Отворениот Балкан“ е автохтона идеја на народите на Балканот, српскиот, албанскиот, македонскиот, но го поддржуваат и значителен дел од Бошњаците и луѓето во Црна Гора кои не се Срби“, кажал Вучиќ.

Дел од медиумите во регионот го поставуваат и прашањето дали Рама е во заладени односи со српскиот претседател и каква е сега иднината на „Отворен Балкан“ ако останат само Македонија и Србија во него.

Српскиот политички аналитичар Жељко Ињац во разговор за „Локално“ вели дека „Отворен Балкан“ веќе даде одредени резултати, така што оваа иницијатива, која се уште е привлечна за земјите од Западен Балкан кои не се членки на ЕУ, не треба да се отфрли лесно.

Жељко Ињац

Смета дека и „Отворен Балкан“ и „Берлинскиот процес“ во суштина се две исти иницијативи и вклучуваат поврзување на земјите од Западен Балкан и постигнување слобода на движење, услуги и капитал.

-Двете иницијативи беа покренати како подготовка за влез на Западен Балкан во ЕУ, а подразбираат усогласување на законодавството на земјите од Западен Балкан со законодавството на ЕУ. Единствената разлика е во тоа што Берлинскиот процес го иницира Ангела Меркел, која повеќе не е активен политичар, додека „Отворен Балкан“ е американска иницијатива, ни рече Ињац.

Колку е реално оживувањето на Берлинскиот процес сега, без Ангела Меркел и дали зад изјавата на Рама стои политичкото влијание на Европа против Америка или всушност е сета игра на Рама да се солидаризира со Албанците од Косово во овој момент, соговорникот оценува дека е тешко е да се процени.

-На прв поглед изгледа како прекин во добрите односи меѓу Рама и Вучиќ, бидејќи токму Вучиќ го истакна „Отворениот Балкан“ како нешто лично важно за него, а всушност тоа е американска приказна. Има смисла да се одржува иницијативата се додека Америка стои зад неа, и тоа го прави. Играњето на Рама на картата на Европа, која е политички многу слаба, повеќе личи на добар блеф отколку на сериозен политички чекор, потенцира Ињац.

Нагласува дека само ако Американците речат „Доста е, готово е!“, нема повеќе да има „Отворен Балкан“ и тогаш иницијативата ќе биде завршена.

-Треба да оставиме да се смират настаните околу Косово и Метохија за да стивне острата реторика на Србите и Албанците и потоа да размислиме што остана од Отворениот Балкан и дали иницијативата има перспектива и што е корисно постигнато досега. Конечно, неодамна се слушнаа позитивни вибрации од Црна Гора во однос на Отворениот Балкан. Значи сè уште не е готово. Така е во политиката. Еден ден сè изгледа идеално, следниот ден сè изгледа како катастрофа. Третиот ден е синтеза на катастрофа и идеално, ни вели српскиот аналитичар, додавајќи дека Америка ќе го даде последниот збор за идејата и иницијативата и дека тоа нема да бидат Србија, Албанија или Македонија.

„Отворен Балкан“ е регионална иницијатива создадена од Северна Македонија, Србија и Албанија која е посветена на обезбедување услови за практикување на четирите европски слободи за што е можно повеќе граѓани и компании на Балканот.

Како што информираа од трите влади, таа е засилувач на регионалната соработка и поврзаност кога станува збор за слободното движење на луѓе, капитал, стоки и услуги. Кон иницијативата „Отворен Балкан“ досега пристапија само три држави – Србија, Албанија и Северна Македонија, а во Берлинскиот процес (востановен по иницијатива на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел во 2014 година) учествуваат сите шест земји од Западен Балкан. Сега во регионот, особено во земјите учеснички во Отворен Балкан, со интерес се анализира препораката на ЕП наведена во делот „Демократска и социјално-економска трансформација во земјите кандидати“.

Дел од аналитичарите оценуваат дека „Отворен Балкан“ не е спротивен на Берлинскиот процес, ниту на заложбите за инклузивност, туку бил oбид да се направи барем нешто во време кога процесот на проширување на ЕУ во регионот беше во драматичен застој. Практично, повикот до сите земји од Западен Балкан да се придружат кон Отворен Бална никогаш не запре. Рама претходно изјавуваше дека е важно иницијативата „Отворен Балкан“ да ги собере не само земјите од регионот, туку и другите земји, и дека таа иницијатива не треба да бара оправдување за своето постоење, бидејќи ќе ја разберат само оние кои имаат визија и сакаат добро за иднината.

Н.П.

Извор: Локално.мк

 

Александар Вучиќ Еди Рама отворен балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.