Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Има ли крај: Уште една жена го обвини Роман Полански за силување

0
By Нова ТВ on November 9, 2019 СВЕТ
Фото: hollywoodreporter.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 9, 2019 13:00

Една Французинка го обвини Роман Полански за силување во Швајцарија во 1975 година кога имала 18 години, објави парискиот весник „Паризиен“, само неколку дена пред премиерата на новиот филм од режисерот кој во САД е обвинет за силување на малолетничка.

Валентин Моние, чии обвинувања следуваат по обвинувањата од други жени во последните години, рече дека не поднела тужба, но одлучила јавно да го обвини Полански поради прикажување на филмот „Офицер и шпион“ (J’accuse) за непочитување на правдата во аферата Драјфус.

„Не бев во врска со него. Ниту лично ниту професионално. Го познавав површно“, изјавила за весникот фотографка која била манекенка во Њујорк и глумела во неколку филмови во 80. години, меѓу кои и „Тројца мажи и бебе“. Таа тврди дека се работело за многу насилен напад.

Адвокатот на режисерот, Ерв Темим, за „Паризиен“ изјави дека Роман Полански одлучно го отфрла обвинувањето за силување и истакна дека наводниот настан од пред 45 години никогаш не бил пријавен кај правосудните органи.

Полански призна вина за полов однос со малолетничка во 1977 година и беше осуден на 90 дена затвор, но беше ослободен по 42 дена. Кога дозна дека судијата планира да му изрече повеќегодишна затворска казна, тој од САД избега во Франција.

Оттогаш се појавија повеќе обвиненија. За време на филмскиот фестивал во Кан во 2010 година, британската актерка Шарлот Луис го обвини за сексуално злоставување во 1983 година, кога имала 16 години. Друга жена го обвини во август 2017 година за ист престап од 1973 година кога имала 16 години. Во септември во 2017 година, Ренате Лангер, поранешна актерка, го обвини за силување во 1972 година во Гштад кога имала 15 години.

Адвокатот на режисерот тврди дека обвинувањата на тие три жени се неосновани.

обвинение Роман Полански силување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.