Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Има ли место за Виктор Орбан во Европската народна партија

1
By Светлана Јовановска on April 11, 2018 СВЕТ
Brüsszel, 2014. október 23. Orbán Viktor magyar miniszterelnök a konzervatív Európai Néppárt, az EPP csúcsértekezletére érkezik az Európai Unió brüsszeli csúcstalálkozója előtt, 2014. október 23-án. (MTI/EPA/Julien Warnand)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 11, 2018 11:05

Повеќе членови на демохристијанската Европска народна партија (ЕНП) во Европскиот парламент (ЕП) сметаат дека Фидеш, партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, треба да биде исклучена од политичката група или барем суспендирана се додека партијата не им се врати на демократските вредности врз кои почива ЕУ.

Денес во Брисел се одржува редовната средба на оваа најголема политичка група на која ќе се разговара за победата на Фидеш на унгарските избори во неделата. Многу членови на групата се загрижени поради десничарските индентитетски ставови на Орбан.

Според Паскал Аримон, член на партијата од германофонската заедница на Белгија, во ЕНП има две фракции кога станува збор за Унгарија.

“Првите, помеѓу кои сум и јас, сметаат дека во политиката треба да се биде јасен и прецизен. И кога ќе се надминат некои линии што партијата заедно ги договорила, тогаш не треба повеќе да се биде член на таа група. Фидеш повеќе пати ги има надминато овие црвени линии. Не целата партијата но пред се лидерот Орбан. Овој дел од ЕНП вели дека ако Фидеш не сака да ги почитува нашите вредности, тогаш треба да биде исклучен”, вели пратеникот за белгискиот јавен сервис.

Но, другата фракција, која во моментов е мнозинска, смета дека Фидеш треба да остане во ЕНП бидејќи само тоа е начин да се има некаква контрола врз Орбан:

“Кога ја анализиравме неговата изборна кампања, видовме дека таа беше анти-Брисел и многу ксенофобична. Што ќе се случи ако Орбан не е повеќе член на ЕНП? Ќе имаме ли начин за притисок со кој ќе му ставиме на знаење дека може до овде но не понатаму? Ова е аргументацијата на мнозинството во ЕНП”, вели Аримон.

И тој и Кати Мортон, американска новинарка со унгарско потекло, велат дека Орбан, шампионот на европскиот популизам, има двоен дискурс: едно зборува кога е во Брисел а друго дома.

Мортон предупредува дека Европа спие пред опасноста што ја носи Орбан:

“Овие избори не можат да се третираат како нормални затоа што Орбан и неговата влада одат против фундаменталните вредности на ЕУ. Тој е итар, тој е адвокат и се што прави, прави суптилно. А Европа спие”, вели Мортон.

Клуч за опозицискиот весник Маѓар Немзет

На два дена по изборите денес во Унгарија клуч на врата стави опозицискиот весник Маѓар Немзет (Унгарска нација), стар 80 години и еден од најпознатите медиуми во оваа земја, објави денес европскиот портал ЕУОбзервер.

Издавачот на весникот изјави дека весникот има финансиски проблеми и дека интернет верзијата на весникот и радиото исто така затвораат.

Медиумот дојде во оваа ситуација поради владините реклами кои повеќе не беа објавувани во овој весник.

Маѓар Немзет му припаѓа на Лајош Симичка, олигарх кој долго беше близок со Орбан но стана негов опонент во 2015 година.ѓ

Габор Полак, аналитичар експерт за медиуми од Мертек Институтот, за ЕУОбзервер вели дека унгарскиот пазар на реклами е дисфункционален поради влијанието на владата:

“Владините реклами се алат за политички притисок. Ако една компанија се рекламира во Маѓар Немзет, владата смета дека таа фирма зазела политички став. Така фирмата ризикува да стане цел на финансиски инспекции и други форми на малтретирање”.

Во Унгарија има само уште два независни медиуми кои имаат влијание и тоа се сајтот Index.hu и РТЛ телевизијата која е сопственост на германската Бертлесман групација.

Коментарот на Орбан на ова затворање на медиум беше следниот:

“Владата и јас лично не сме замешани во бизнис секторот. Тоа се приватни публикации и нивните сопственици одлучуваат за нивната судбина”.

Виктор Орбан Европска народна партија Маѓар Немзет Унгарија Фидеш
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.