Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Индекс на отвореност на буџет: Македонија на 67. место од 117 земји во светот

0
By Нова ТВ on April 30, 2020 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија се наоѓа на 67. место од вкупно 117 држави според меѓународното истражување на Индексот за отвореност на буџет. Истражувањето и оценката за отворен буџет е независно,  компаративно истражување што е базирано на факти и користи меѓународно признаени критериуми за оценка на јавниот пристап до информации поврзани со државниот буџет, можностите за пристап во процесот за креирање на националниот буџет и улогата на институциите кои треба да вршат контрола врз буџетското трошење како што е легислативата и ревизијата во буџетскиот процес.

Оценката за транспарентен буџет за Македонија е 41 (од 100 што означува задоволителна транспарентост, а 0 означува незадоволителна транспарентност). Во однос на земјите од регионот Македонија има за нијанса подобра оценка (41) од Србија (40) и од Босна и Херцеговина (33). Најдобро рангирана земја е Бугарија со оценка 71, Хрватска и Словенија имаат оценка од 68, додека Албанија 55.

Во однос на оценката за транспарентност во споредба со изминатите години, Македонија имала највисока оценка за транспарентен буџет во 2010 година со 49 (од 100), а најниска оценка во 2012 и 2015 година – 35 (од 100), додека во 2017 година оценката изнесувала 37.

Во однос на вклучувањето на јавноста во креирање на националниот буџет, Македонија има оценка 0 (од 100) за јавната вклученост со што се наоѓа на најниското место во регионот, додека Србија има оценка 2 за јавната вклученост, Босна и Херцеговина и Албанија (7), Словенија (11), Хрватска (22), Бугарија (26).

Во извештајот се наведени и препораки до Министерството за финансии и со Собранието.

За да може да се зајакне јавната вклученост во процесот на креирање на буџет, Министерството за финансии на Македонија треба да ги приоритизира следните ставки:

– Да воспостави механизам за вклучување на јавноста во креирање на буџетот и мониторирањето на спроведување на буџетот
– Активно да ги вклучи ранливите групи директно или преку граѓански организации кои ги претставуваат

Собранието на Македонија треба да ги приоритизира следните активности:

– Да ги вклучи граѓаните или граѓанските организации на нивните седници за донесување на буџет пред неговото официјално одобрување
– Да ги вклучи граѓаните или граѓанските организации на нивните седници за ревизорскиот извештај
Државниот ревизор на Македонија треба да создаде формален механизам со којшто ќе и овозможи на јавноста да биде вклучена во создавањето на ревизорската програма и да допринесе во ревизорските истраги

буџет Индекс истражување Македонија Отвореност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.