Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Индекс за рангирање на пасошите: Северна Македонија е на 45-то место во светот, пред Албанија, БиХ и Црна Гора

0
By Marija Todorovska on January 19, 2024 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 19, 2024 14:52

Индексот за рангирање на пасошите на Хенли е оригинално и релевантно рангирање на сите пасоши во светот, според бројот на дестинации на кои нивните сопственици можат да патуваат без претходна виза.

Индексот се заснова на ексклузивни податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA) – најголемата, најточна база на податоци за информации за патување, во соработка со истражувачкиот тим на Henley & Partners.

Според рангирањето на пасошите за 2024 година, Северна Македонија е на 45-то место во светот. Нашата земја се наоѓа пред повеќето држави во регионот на Западен Балкан. Албанија е на 48-мото место, БиХ на 50-то и Црна Гора на 46-то. Русија се наоѓа на 51-во, а Турција 52-ро на ранг листата.

„Другите земји од регионот, како Бугарија, Романија и Хрватска кои се наоѓаат на 13-то место, своето високо место на оваа ранг листа ѝ го должат на членството во ЕУ, што е дополнителен аргумент за важноста на членството во големото европско семејство“, вели еден неименуван македонски дипломат за ЦИВИЛ МЕДИА.

На првото место, може да се претпостави, се наоѓаат водечките ЕУ земји како Германија и Франција. Првото место го делат и Италија, Шпанија, Јапонија и Сингапур, додека САД, Канада и Унгарија се наоѓаат на 7-мо место на ранг листата на пасошите.

Џ. Дерала / Цивил Медиа 

виза пасоши Северна Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.