Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Инфраструктурна запуштеност – три причини зошто се поплави Скопје

2
By Сашка Цветковска on August 7, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 7, 2016 11:53

Запуштени приградски канали, запуштена  мрежа на атмосферска канализација и, најпосле, погрешни градежни потфати во коритото на Вардар се главните причини за вчерашните  поплави во Скопје и околината поради кои има и десетици загинати. Ова е коментарот кој НОВАТВ го побара од професорот на Архитектонскиот факултет Мирослав Грчев.

maxresdefault (1)
Мирослав Грчев

Поголемиот дел од повредените, исчезнатите и мртвите како последица на невремето се од приградските населби и околните скопски села, местата каде што се поминува мрежата за наводнување и одводнување.

 

„Кај нас комплетниот околуградски систем на канали се изгради во времето на социјализмот, станува збор за можеби 1,000 км канали. Тие се упорно запуштени, се затрупуваат и грижа за нив се води малку или речиси воопшто. Во времето на претходниот систем надлежна институција за каналите беше Водостопанството на Македонија и таа водеше грижа за околуречјето да не може да се одлива. Водостопанството имаше посебен фонд и посебна управа за оваа работа. Сега тоа е препуштено на општините и грижа не води речиси никој, одвреме навреме ќе видиме како Градот Скопје или некоја општина спорадично ќе зачисти некој канал, но тоа не е ниту одблиску доволно. Не бадијала грижата за каналите беше централизирана во другиот систем, вели Грчев за НОВАТВ.

Фатално неодржувана канализација

Освен мрежата на канали, тука е и скопскиот систем на канализација којшто, според Грчев, од независноста наваму е со комплетно запуштен.

„Гледате што се случува на секој сите дожд, нема подвозник којшто не е поплавен. Она што се случува со атмосферска канализација во Скопје не може доволно да се објасни со зборот „запуштеност“, тоа е темелна цивилизациска запуштеност – директен производ на политичко и општествено малоумие. Од независноста до денес во Скопје не е пробиена ниту една улица, туку секоја се трупа со се повеќе згради и домови, а паралелно со тоа освен по некое козметичко обновување на атмосферската канализација, ништо сериозно не сме виделе ниту во најава. Во последниве години, ако потребите на градот ги споредиме со трошоците за кич, можеме да заклучиме дека ова се погубни, површни политики спротивни на здравиот разум, природните и општествени закони.“, вели Грчев.

 

Друга причина, покрај запуштеноста од застрашувачки размери на атмосферската канализација поради која подвозниците и улиците од центарот на Скопје се поплавуваат и на најмал дожд е нарушувањето на текот на водата во Вардар.

 

„Не  бадијала најголем инфраструктурен проект направен по обновата на Скопје по земјотресот беше регулацијата на Вардар. На земјотресот една година порано му претходеше катастрофална поплава и за регулацијата се потрошија стотици и стотици илјади долари“, вели тој додавајќи дека не случајно поплавите се во поречни градови како Тетово или Скопје.

11880273_10153515555509761_1723360464_n

Галии и мостови во Вардар – вон памет и вон закон

 

„Освен грижата за каналите, тука е и грижата за коритата. Во коритото на Вардар во Скопје во моментов има бродови, мостовите од проектот Скопје 2014 се изградени со конструкција внатре во профилот на коритото за кое е пресметано да носи само и единствено вода“, вели Грчев.

Сето тоа е направено без консултации на хидроинжинери, а новинарските истражувања од пред неколку години кои што се занимаваа со проектот Скопје 2014, исто така, најдоа многу пропусти или намерни преместувања на надлежности од една во друга институција со намера да се се избегнат задолжителните со закон собраниски расправи и експертски анализи, препораки или одобренија.

Што би можело да се направи? На ова професорот Грчев немаше одговор кој влева оптимизам.

„Треба да се направат фараонски зафати за да се средат овие проблеми кои од поплавување на крстосници не доведоа до загуби на човечки животи. Мрежата на канали, на канализација и регулацијата на реката не се нешта кои можат да се решат преку ноќ. Тоа се одржува тековно и постојано. Не се запушта“, објаснува Грчев.

 

 

 

 

 

 

Мирослав Грчев невреме полава Скопје Скопје 2014
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026
shortcut
ФОКУС
May 21, 2026

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

ВЕСТИ May 21, 2026

Европската Унија ја отвора вратата за проширувањето и оваа шанса не смее да биде пропуштена,…

Нов нон-пејпер, пет земји членки на ЕУ предлагаат „меѓучекори“ кон членство на Западен Балкан во унијата

May 21, 2026

Обвинителството чека клучни докази од МВР за наводното шпионирање во кабинетот на Давкова

May 20, 2026

Пекинг: По Трамп и Путин на два дена кај СИ

May 20, 2026
ТИКЕР

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.