НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иницијатива во грчкиот Парламент: Група за пријателство со С. Македонија

0
By Нова ТВ on February 16, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во грчкиот Парламент во тек е процес за формирање на парламентарна Група за пријателство со С. Македонија, а до пратениците веќе бил испратен допис за учество во групата на доброволна основа, дознава дописничката на МИА од Атина. Станува збор за избор на пратеници од грчка страна кои, заедно со нивните колеги од македонското Собрание, потоа ќе бидат дел од заедничка Група за пријателство меѓу двете земји.на Македонија – Грција.

Пракса е во ваквите парламентарни групи да учествуваат пратеници од сите партии што се дел од грчкиот Парламент. Составот на Групата, според најавите, ќе биде познат наскоро при што не е исклучена можноста тоа да се случи и во текот на оваа работна недела.

Како што стои на официјалниот сајт на грчкиот Парламент, парламентарните групи за пријателство „се формираат по писмено барање на пратениците и со одлука на Претседателот на Парламентот“. Во нив, по можност, членуваат „пратеници од сите пратенички групи“, а „предмет на парламентарните групи за пријателство е зајакнување на парламентарната дипломатија на меѓународно билатерално ниво“.

Бурнус: Групата за пријателство е чекор плус за доверба и соработка меѓу двете земји

Пратеникот од СИРИЗА, Јанис Бурнус, кој беше дел од грчката делегација во Скопје, предводена од поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас, коментира дека оваа разврска е исклучително важна и позитивна, „особено ако се земе предвид дека доаѓа од влада која до изборите се бореше против Договорот од Преспа“ и открива дека лично тој ќе се пријави да биде дел од групата.

 

„Би сакал да бидам дел од Групата за пријателство, особено ако земеме предвид дека со Алексис Ципрас како премиер, кога го посетивме Скопје и Собранието, се сретнавме со луѓе кои веќе имаа формирано група за контакт со Грција и нè прашуваа кога ќе се формира истата таква во грчкиот Парламент. Тоа е разврска која ја чекавме, тоа е уште еден чекор во градењето доверба и соработката на двете земји по потпишувањето на Договорот од Преспа“, вели Бурнус.

Во однос на тоа какви се неговите очекувања за составот на групата, пратеникот од СИРИЗА, изразува надеж дека ќе има претставници од сите партии, со исклучок на т.н. „Грчко решение“ која е радикално десничарски ориентирана.

Фото: balkaneu.com

 

„Овде ќе се покаже кои се позициите и намерите на секоја партија. За она што можам да ве уверам е дека од СИРИЗА ќе постои богато учество затоа што политички ќе го одбраниме историскиот избор што го направивме со Договорот од Преспа. Се надевам дека, со исклучок на „Грчко решение“ која е радикално десничарска и популистичка партија, ќе има членови од останатите партии, па дури се надевам и од „Нова демократија“. По победата на изборите, рекоа дека ќе го почитуваат договорот“, додава пратеникот од СИРИЗА.

Во грчкиот Парламент постојат 77 Групи за пријателство

Во грчкиот Парламент постојат 77 Групи за пријателство и „ги покриваат парламентарните односи со исто толку земји од Европа, од Америка, од Азија, од Африка и од Океанија“.

„Средбите на Групите за пријателство имаат за цел зајакнување на соработката со Парламентите од сите земји, презентирање на позициите на Грција за важни меѓународни прашања, промовирање на националните прашања и зајакнување на меѓународната соработка“, пишува на официјалниот сајт на грчкиот Парламент.

Меѓу 77-те земји со кои грчкиот Парламент има воспоставено соработка на таков начин се сите земји од регионот (и оние кои што се членки на ЕУ и оние кои што се кандидати), поголемиот број европски држави, дел од арапските земји, но и САД, Кина и Русија. Секоја од Групите има претседател, потпретседател, секретар и членови.

Доколку се направи анализа, бројот на членовите во секоја од групите е различна, во зависност од земјата. Па така на пример, има Групи за пријателство што немаат ниту еден член или само три, а некои и над 50.

 

Од земјите од регионот, Групата со Црна гора има само три членови односно претседател, потпретседател и секретар, по шест членови имаат Групите за пријателство со Словенија и Хрватска, со Босна и Херцеговина и Бугарија седум, со Албанија има 17 членови, а со Србија е меѓу побројните со 30 членови, вклучително и претседателот, заменикот и секретарот.

Групата за пријателство со Германија има помалку членови од онаа со Албанија или Србија и изнесува 16, а со Франција има еден повеќе. Меѓу најбројните се Групите за пријателство со Русија и САД со 62, односно 56 членови.

Група за пријателство Грција Иницијатива Македонија парламент
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.