Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Институт ИФО и LinkedIn: Мнозинство на германски компании сакаат работа од дома

0
By Нова ТВ on July 14, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 14, 2020 10:12

Повеќе од пола од вкупниот број на компании во Германија (54 проценти) посакуваат работата од дома да остане постојана, покажува истражувањето на институтот ИФО и анкетата на професионалната мрежна мрежа „ЛинкдИн“ (LinkedIn) спроведена меѓу нејзините членови.

„Кризата со коронавирусот може да биде поттик за постојан работен ангажман од дома“, изјави Оливер Валк, директор на Центарот за индустриска организација и нови технологии и коавтор на оваа заедничка студија.

Податоците од истражувањето на ИФО покажуваат дека три четвртини од компаниите во Германија се согласиле со дел од нивната работна сила да работат од дома, како начин да се справат со кризата, се вели во соопштението на минхенскиот институт. Во исто време, истражувањето спроведено меѓу членовите на професионалната мрежа LinkedIn во Германија, покажува дека речиси половина од испитаниците рекле дека сега работат од дома поради пандемијата.

„За многу компании, овие нови работни аранжмани вклучуваат значителни инвестиции во дигитална инфраструктура и нова комуникациска технологија. Целосно враќање на стариот начин на работа е малку веројатно“, објаснува Валк.

Според студијата, за 56 проценти од вработените во Германија денес е можна привремена работа од дома, додека пред пандемијата, се користеше само половина од тој потенцијал. Покрај тоа, една анализа на огласени работни места и лица кои бараат работа на LinkedIn покажува дека бројот на прегледи на огласи за работа од дома се зголемил за повеќе од двапати.

„Сепак, во иднина, работни места за кои се смета дека се целосно остварливи од дома, веројатно ќе продолжат да бидат исклучок“, рече Жан -Виктор Алипур, коавтор на студијата за ИФО.

Според него, недостигот на социјален контакт што е дел од работата од дома, на долг рок може да биде товар и дека дигиталниот свет сам по себе не ги овозможува сите аспекти на креативна размена или трансфер на знаење и идеи. Затоа, поверојатно е дека ќе преовладува комбиниран модел, кој вклучува работа во компанијата и работа од дома и на тој начин се здружуваат предностите од автономијата и флексибилноста на работа од дома со придобивките од социјалниот контакт на работното место, објаснува Алипур.

LinkedIn анкета Германија Институт ИФО истражување компании од дома работа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.