Интелектуалци, универзитетски професори, аналитичари, поранешни високи владини функционери и дипломати од Македонија, ќе се обратат на конгресмените во американскиот Конгрес и на сенаторите со писмо во одбрана на демократските принципи и дипломатскиот кодекс, кој драстично се прекршува од поранешниот премиер Никола Груевски и неговите соработници, објави „Плусинфо“.
Тие сметаат дека несвојствени се нападите и несоодветно е комуницирањето со странските амбасадори во Република Македонија, посебно со амбасадорот на САД, на ЕУ, на Германија, со портпаролката на Европската Комисија итн.
Потписниците велат дека со тоа се дискредитира државата, се гази по стратешките ориентации на земјата и се навредуваат дипломатите на земјите пријатели на РМ. Додека средбите на истиот поранешен премиер и лидер не партијата ВМРО-ДПМНЕ со рускиот амбасадор поминуваат во духот на пријателството.