Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Исповед на млада Авганистанка за „Гардијан“: Не сакам повеќе ваков живот, само чекам да умрам

0
By Sashko on September 2, 2021 СВЕТ
Фото: outlookafghanistan.net
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Брат ми ми купи бурка, а јас во солзи ги запалив моите фармерки и моите надежи. Вака почнува исповедта на млада Авганистанка за британски „Гардијан“ по првиот ден од враќањето на власт на талибанците, додека од пустината на границата со Пакистан и Иран доаѓаат библиски снимки на егзодус, реки од луѓе кои бегаат од домовите по повлекувањето на американските војници на 31 август.

Младата Авганистанка, која се претстави со лажно име како Арифа Ахмади, раскажува дека првиот ден под талибанска власт го запалила нејзиниот џинс и друга гардероба што новите властодршци веројатно нема да ја одобрат. Таа е дел од генерацијата што се роди и израсна во изминатите 20 години додека Американците беа во Авганистан и ги уживала можностите за слобода, образование и вработување под владата што имаше поддршка од Западот. Но, откако талибанците ја презедоа контролата, таа остана без својата работа во канцеларијата на царина во градот Фарах.

Човек со долга брада сега седи на моето столче, вели таа за „Гардијан“.

Ги запалила фармерките, купила бурка

Арифа го напуштила Фарах пред да влезат талибанците во градот и оттогаш живее во Кабул со надеж дека ќе успее да замине од Авганистан преку некоја странска компанија.

Плачам од утрово. Брат ми излезе да ми купи бурка, а јас за тоа време ги запалив моите фармерки. Плачев додека гореа, а со нив ги запалив своите надежи. Ништо повеќе не може да ме направи среќна. Само чекам да умрам, повеќе не го сакам овој живот. Јас сум мртва девојка. Се заврши за мене ова утро, како и за сите други луѓе во градот. Може да видите дека никој не се смее. Низ градот владее апсолутно чувство на депресија, очајна е Арифа.

Тепале луѓе со цевки

Нејзиниот сограѓанин, инженерот Несар Карими, чие име исто така е лажно, вели дека „никогаш не видел ваков Кабул“. Тој се обидел да ги повлече своите пари од банкомат, за што шест часа чекал во ред, но безуспешно.

Го затворија банкоматот, рекоа дека повеќе нема пари и се вратив дома со празни раце. Стотина луѓе беа таму. Талибанците ги тепаа со цевки, сакав да останам, но настана хаос и се вратив дома. Тоа беше втор ден во кој се обидов да повлечам пари, а не успеав. Поголем дел од мојот живот го минав во Кабул, но никогаш не сум го видел ваков. Луѓето ги загубија емоциите, повеќе не обрнуваат внимание, мојата генерација загуби се што имаше за само неколку часа. Луѓето се скршени, раскажува Карими.

Брадата како разлика меѓу живот и смрт

Главниот град на Авганистан под власт на претходната влада, која уживаше поддршка од Западот, беше најлиберален во земјата. Беше дом за сите, од теретани до екстравагантни фризури, поп музика и турски сапуници. Но, многу негови жители сега се обидуваат набрзина да го сменат животот.

Решив да пуштам брада и да носам традиционална авганистанска облека, како привремена мерка за избегнување на закани од талибанците. Разликата меѓу живот и смрт е многу мала под тие луѓе на позиција. Брадите или облеката можеби се едноставна работа за луѓето во другите делови на светот, но овде тие се животнозагрозувачко прашање, вели Џабар Рахмани, жител на северниот дел на Мазар-и-Шариф.

Тој укажа дека одговорноста за она што се случи на „соништата на генерацијата“, не е само кај талибанците, туку и на меѓународната заедница.

Со пушка ме натераа да ги соблечам шорцевите

Џабар е атеист и вели дека многу луѓе во Мазар-и-Шариф не веруваат во Бога. Тој сега стравува дека оние кои знаат за тоа, може да ги „продадат“ на талибанците.

Ако не го сторат тоа, ќе мора да продолжам да одам да се молам по пет пати дневно.

Решад Шарифи, исто така, е псевдоним на жител на Херат кој за „Гардијан“ истакна дека талибанците му забраниле да носи маичка со кратки ракави и шорцеви додека вежба.

Имам навика да станам рано наутро и да се искажувам на блиската планина. Паузирав неколку дена со такви активности, па денеска првпат отидов на трчање под власт на талибанците. Секогаш носам маичка и шорцеви. Така беше и ова утро, но ме запреа и вперија пушка во мене. Ми рекоа да се вратам дома, да се пресоблечам како муслиман и потоа да излезам. Живеам во Херат по преземање на власта на талибанците, но никогаш толку не ме повредиле. Ја загубив надежта за живот, рече Шарифи.

Според последните бројки од Белата куќа, од почетокот на масовната евакуација на 14 август, САД извлекле околу 116.700 лица од Авганистан, пренесува „Си-Ен-Би-Си“.

Авганистан власт живот Исповед Свет Талибанци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.