Published: Tuesday, April 7, 2026 16:17
Денес се случи пукање пред зградата каде што се наоѓа израелскиот конзулат во Истанбул и, според првичните информации, три лица се „неутрализирани“, а двајца осомничени се убиени.
Три лица се неутрализирани, а двајца осомничени се убиени. Двајца полицајци се повредени во пукањето, објави Полициската управа во Истанбул, пренесува „Хуриет“.
Според „НТВ“, пукањето во Бешикташ, делот од градот каде што се наоѓа конзулатот, траело околу пет минути.
Осомничените наводно пристигнале во областа облечени во мааскирни униформи и отвориле оган врз полицијата.




