Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истрага за бегството на Груевски: Побарани се снимки од Црна Гора

0
By Нова ТВ on November 19, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: Ројтерс
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обвинителството за организиран криминал побарало  од црногорските власти да им ги предадат видеоснимките од надзорните камери од граничните премини низ кои поминал Никола Груевски при влезот и излезот од Црна Гора.

Вилма Русковска која е шеф на Обвинителството за организиран криминал, за Телма кажа дека се води истрага и за тоа како Груевски се движел низ Македонија, и дека веќе се разговарало со некои лица, но детали не соопшти поради тоа што станува збор за случај во предистражна постапка.

За бегството на Груевски и дали  имало пропусти кај судијата за извршување санкции денеска расправаше и Судскиот совет. „Во врска со бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, Судскиот совет изразува загриженост за настаната состојба. Од причина што во јавноста се изнесуваа информации за евентуални пропусти во постапувањето на Основниот суд Скопје 1 Скопје, ја информираме јавноста дека од страна на Советот се преземаат сите активности, согласно закон, пишува во соопштението од Судскиот совет.

Фото: Борис Пејовиќ

За бегството на Никола Груевски се оглaси и црногорскиот министер  за надворешни работи Срѓан Дармановиќ кој рече дека  немало никаква повреда на дипломатскиот протокол.

„Во времето кога Груевски одлучил да бара азил во Унгарија, за него не беше објавена потерница, ниту Македонија укажа дека тој го прекршил законот. Црногорските надлежни органи постапија како и со секој друг граѓанин, тој беше во друштво со дипломат и немаше законски проблеми да влезе или да ја напушти нашата држава“, рече министерот.

Според црногорската полиција, Груевски влегол во Црна Гора на 11 ноември во 19.19 часот, на граничниот премин Божај, користејќи лична карта на свое име. Тој бил во возило „фолксфаген џета“ во друштво на службеници на унгарската Амбасада, а истиот ден преку граничниот премин Добраково, влегол во Србија.

Груевски во Црна Гора влегол од Албанија, но македонските власти се уште не одговорија како поранешниот екс премиер осуден на две години затвор ја напуштил Македонија.

 

 

 

Груевски дармановиќ Русковска снимки Судски совет Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.