Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истражување: Македонија со 536 пожарникари помалку од законскиот минимум

0
By Нова ТВ on February 17, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: sitel.com.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 17, 2020 11:39

За достигнување на законски пропишаниот минимум на пожарникари во државата недостасуваат 536 лица, а просечната старост на противпожарните парк е 28 години, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. Најголема потреба од пожарникари има во Скопје, над 200, по што следуваат Тетово со 65 и Гостивар со 52. Од законски предвидените, во Куманово недостасуваат 49 пожаникари, во Битола 32 и во Прилеп 26.

Општините, пак, со вишок пожарникари од законски предвидениот број се Охрид и Ресен во кои има по двајца повеќе од минимално определената квота, како и Демир Хисар и Крушево во кои има по еден пожарникар над минимумот. Шесте општини со пожарникари колку и законскиот минимум се Штип, Радовиш, Делчево, Македонски Брод, Пробиштип и Кратово.

Согласно Законот за пожарникарство, минималниот број на професионални пожарникари во противпожарните единици треба да изнесува девет пожарникари во општините до 10.000 жители, 13 пожарникари во општините од 10.000-15.000 жители и 17 пожарникари во општините со жители меѓу 15.000 и 24.000 жители. Во општините кои имаат над 24 илјади жители, согласно законот, треба да има еден професионален пожарникар на 1.500 жители. 

Во однос на возилата кои ги имаат противпожарните единици во земјава, истражувањето покажува дека противпожарните единици располагаат со вкупно 241 возило со просечна старост од 28 години.

„Ова значи дека возилата што се набавени во меѓувреме не биле нови и не го „подмладиле“ противпожарниот возен парк во земјава. Напротив, во текот на 2019 година противпожарните единици во земјава го зголемиле бројот на возила за 26, но нивната просечна старост изнесува дури 18 години. Во текот на истата година, расходувани се пет стари возила. Во меѓувреме, од ланското истражување кое покажа загрижувачка состојба со противпожарните возила во земјава, со возила „на ново“ се стекнале само противпожарните единици во Прилеп (две нови возила од 2019 година) и во Демир Хисар (едно возило од 2017 година)“, велат од Центарот за граѓански комуникации.

Најстари возила во просек имаат Кратово и Делчево, а најнови Велес и Демир Хисар. Најстари возила (35 години) има противпожарната единица во Кратово, која од лани до сега го проширила возниот парк, но со стари возила. Со истата просечна старост на возила од 35 години е, исто така, и противпожарната единица од Делчево, а веднаш зад нив е Струмица со просечна старост на противпожарните возила од 33 години. Со просечна старост на противпожарните возила од 32 години се Охрид и Крива Паланка, а просечно по 31 година се стари противпожарните возила на Куманово и Битола. Најстари, пак, противпожарни возила има Валандово и Струмица, со модели во возниот парк од 1966 година.

Спротивно на ова, најмлад возен парк, во просек по 20 години, имаат противпожарните едници во Велес и Демир Хисар. Меѓу подобрите се и Берово со 21 година и Прилеп со 22-годишна просечна старост на противпожарните возила.

Општини со најмалку противпожарни возила се Македонски Брод каде има само две возила, како и Демир Хисар, Берово и Делчево каде има по три противпожарни возила.

возила истражување пожарникари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.