Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истражување: Осум од 10 верници избрале да останат дома за Велигден и за Рамазан Бајрам

0
By Нова ТВ on April 16, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 16, 2020 11:32

Осум од десет верници избрале да останат дома за Велигден и за Рамазан Бајрам, покажува истражувањето на јавното мислење „практикување на религија во услови на пандемија“, реализирано од интернет порталот religija.mk и Институтот за политички истражувања – Скопје со поддршка на фондацијата „Конрад Аденауер“.

Според истражувањето, 80,3 отсто од испитаниците сметаат дека Велигден и Рамазан Бајрам треба да се слават во домашна атмосфера, наспроти 10,4 отсто кои сметаат дека овие празници треба да се слават во црквите и во џамиите.

Околу 75 отсто од анкетираните сметаат дека МПЦ-ОА и ИВЗ исправно постапиле што се приклучиле на вонредните мерки на државата, додека пак 79,6 отсто од испитаниците сметаат дека забраната за масовна посета на црквите и џамиите е соодветна и оправдана превенција од ширење на корона вирусот. Половина, пак, одговориле потврдно дека верските заедници соодветно реагираат на предизвиците со корона вирусот.

Според истражувањето, 63,4 отсто од анкетираните рекле дека вонредните мерки за заштита и забраните за присуство на верници во храмовите не значи и ограничување на правото на вероисповед.

На прашањето „Дали сметате дека ако отидете во црква или џамија, постои ризик да се заразите од корона вирус?“, речиси повеќе од половината или 57,1 отсто од анкетираните одговориле потврдно, а само 20,9 отсто рекле дека немаат страв од тоа.

Истражувањето покажува дека стравот од коронавирусот кај граѓаните е голем, а од тие причини речиси седум од десет испитаници рекле дека од почетокот на пандемијата немаат отидено во црква или џамија, токму поради страв да заразата. Во тој страв ако им е потребна помош повеќе од половината, или 58,7 отсто од испитаниците, помош би побарале од психолог, наспроти 11,9 отсто кои за психолошка помош би се обратиле кај својот свештеник.

Истражувањето на ИПИС и religija.mk е направено со поддршка на КАС (Конрад Аденауер) и дел е од серијалот истражувања на јавното мислење за перцепцијата на граѓаните во мултиконфесионални општества. Истражувањето е спроведено во април оваа година на репрезентативен примерок од 1.127 испитаници со маргинална грешка е помеѓу 2,9 проценти и со 95 проценти интервал на веродостојност.

Велигден истражување јавно мислење Рамазан Бајрам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.