Филмот „Исцелител“ е прогласен за Најдобар филм на меѓународната компетиција на фестивалот во Санта Барбара – Santa Barbara International Film Festival.

„Исцелител“ е филм на Ѓорче Ставрески, кој е истовремено и сценарист и продуцент на филмот, како и монтажер на звукот.

Камерман е Дејан Димески, а монтажата е дело на Мартин Иванов. Главните улоги ги играат: Благој Веселинов и Анастас Тановски.

Исцелител е филм што балансира меѓу семејна драма, црна комедија и социјален коментар. Најголем шарм на филмот се непретенциозноста и искреноста кои ги покриваат недостатоците и несигурноста во некои делови.