Рома е последниот полуфиналист во фудбалскиот куп на Италија. Римјаните на „Олимпико“ ја совладаа Чезена со 2:1. До конечен триумф и дуел со Лацио стигнаа со гол од пенал во петтата минута од судиското продоолжение.
Екзекутор на најстрогата казна беше Франческо Тоти. „Волчицата“ поведе во 68 минута преку Џеко, пет минути подоцна Гаритано постигна израмнувачки погодок за Чезена.
Лацио се проби до полуфинале по триумфот со 2:1 над Интер во Милано. Наполи претходно ја елиминира Фиорентина по победата на „Сан Паоло“ со 1:0, а Јувентус со 2:1 беше подобар од Милан.
Куп на Италија
Четврт-финале
Рома – Чезена 2:1
Интер – Лацио 1:2
Наполи – Фиорентина 1:0
Милан – Јувентус 1:2
Полуфинале
Наполи – Јувентус
Лацио – Рома