Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Италијанците гласаат за уставни промени

0
By Нова ТВ on December 4, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Италија денеска гласа на референдум за уставните реформи. Со референдумот ќе се утврди политичката иднина на премиерот Матео Ренци и силното влијание на финансиските пазари во Европа. Гласачките места се отворени од седум часот изутрина, а право на глас имаат околу 51 милиони Италијанци.

Италијанскиот премиер Матео Ренци  вчера ги повика Италијанците да го поддржат клучниот референдум за уставни промени што се одржува денеска, за Италија да може да стане, како што рече, најсилната европска земја.

-Оваа недела може да го промени животот на нашите деца. Не сме во прашање ниту ја, ниту партијата, туку децата изјави Ренци обраќајќи се на голем собир во родната Фиренца, воочи денешниот референдум кој би можел од корен да ја промени неговата кариера.

Ренци упатувајќи го последниот апел до Италијанците нагласи дека победата на приврзаниците на неговиот предлог за реформи, би им пружил на Италијанците можност да испишат нова страница во историјата.

-Ако победи „да“, Италија ќе стане лидер во Европа., истакна премиерот кој вети дека веднаш ќе стави вето на буџетот на ЕУ за да ги присили италијанските партнери на неговата земја повеќе да и помогнат во решавањето на проблемот со приливот на мигранти кои пристигнуваат на италијанскиот брег.

Финансиските пазари и европските политички лидери стравуваат дека победата на опозицискиот табор кој е против уставните реформи на референдумот утре би можела да предизвика нестабилност и повторни превирања за италијанските банки, воведувајќи ја еврозоната повторно во криза.

Ренци вети дека ќе поднесе оставка доколку неговите сонародници го отфрлат неговиот предлог за намалување на улогата на горниот дом на Парламентот –Сенатот и овластувањата на регионалните власти, додека опозицијата тврди дека реформата би ја намалила клучната демократска контрола.

 

Италија промени Ренци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.