Откако американските медиуми објавија информации дека ќерката на новиот американски претседател , Доналд Трамп, Иванка ќе ја извршува улогата на Прва дама во САД, таа неодамна во интервју за Еј Би Си ги отфрли шпекулациите.

Шпекулациите се појавија откако беа објавени и информациите дека неговата сопруга Меланиа Трамп нема да се пресели во Белата куќа до пролет, односно додека најмалиот нивни син Барон не заврши со училишните обврски.

– Има само една Прва дама и таа ќе работи неверојатно, вели Иванка во интервјуто.

Но сепак се очекува дека Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џеред Кушнер ќе имаат многу цврсти позиции во администрацијата.

Додека функцијата на Иванка се уште формално не е објавена, Кушнер е именувам за про-боно советник на неговиот дедо.

– Емотивно е, се оддалечувам од мојот бизнис. Татко ми ќе биде претседател и јас ќе бидам тука да го поддржам него и сите идеи кои ги поддржувам целата моја кариера, вели Иванка Трамп.

Постарите синови, Доналд Трамп Џуниор, и Ерик Трамп нема да се преселат во Вашингтон, туку ќе останат во Њујорк за да го водат огромниот бизнис на нивниот татко.