Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов: Тиранската платформа ја загрозува независноста на Македонија

3
By Нова ТВ on April 15, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Која европска држава би прифатила платформа на туѓа држава, да биде основа за создавање на влада кај неа. Ако се загрозува независноста на државата, и ако државата се доведува во подредена состојба и зависност од друга држава, тоа кај нас е казниво дело“, вели претседателот Ѓорге Иванов, во интервју за австрискиот дневен весник „Винер цајтунг“.

Иванов во интервјуто рекол и дека Тиранската платформа е директно мешање, но и загрозување на независноста на  Македонија, а содржинските барања не се само политички опасни, туку се и противуставни.

„Ние сме мултиетничка демократија, во која никој не е дискриминиран поради неговата припадност кон некој народ и никој не е исклучен. Во Владата има етнички Албанци како Министри за одбрана и како Министри за европски прашања. Ние сме држава на граѓаните на Македонија. Но, етничките Македонци се народ за себе, бидејќи овде си го оствариле правото на сопствена држава. Турците своето право на своја држава го оствариле во Турција, Србите во Србија“, рекол Иванов.

Ова, според него, важи и за Албанците кои го оствариле своето право на сопствена држава во соседна Албанија, а сега, како што изјавил, дури и во Косово.

„Ако македонските Албанци сакаат да бидат конститутивен народ во Македонија, тогаш сакаат правото на сопствена држава да го реализираат и овде, без да ги земат предвид државните граници на Македонија. Ова го предвидува платформата од Тирана. Тогаш по Албанија и Косово, Македонија би била третата албанска држава. А дали е можна и федеративна Грција, бидејќи и таму живеат приличен број на Албанци?“, вели Иванов за „Винер Цајтунг“ и додава дека „сакаме интеграција, а не гетоизација на Албанците во Македонија“.

Во врска со можноста да се бира влада во Собранието, без определен мандат од страна на претседателот, Иванов смета дека „тоа е само желба, правно неиздржано и таквата влада нема да има легитимитет“.

Доколку такво нешто се случи, тогаш според Иванов, би имало две влади- актуелната, која е техничка влада, и влада која што е без легитимност од претседателот, односно без уставна основа, што ќе значи влегување во уште поголема криза.

За неуспешниот обид за коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Иванов вели  „коалицијата всушност беше договорена. Но, во последниот час имаше телефонски повик – и коалицијата се распадна“.

Иванов повторува дека дури и да се избере претседател на Собранието, а лидерот на СДСМ се договори со партиите на Албанците за составување влада, тој на таква коалиција нема да го даде мандатот, и тоа од политички причини.

„Заев не дозреал за улогата што му ја дале. Се преценил и самиот тој, а го прецениле и тие што му дале да игра таква улога. Во  политиката треба да има дијалог и компромис, а тој не сака да разговара. Која и да е коалиција создадена под уцена е нестабилна. Уставот се менува со двотретинско мнозинство. Но Заев ќе настојува да се донесат тие закони во Парламентот, за јас да ставам вето јас на нив, а Уставниот суд да покрене иницијатива и да ги поништи тие закони. Тоа ќе го прави Заев за да после ме обвини мене дека сум антиалбанец.  Сфаќате колку е перфидна играта“, вели тој.

Според него, Заев сака само да дојде на власт, а ги изгуби изборите во декември.

„Јас сметам дека тој не знае во каква игра се вмешал. Тој беше заслепен од желбата да дојде на власт. Сега се наоѓа во деликатна ситуација. Доколку не успее да дојде на власт, би можел да заврши в затвор“, прогнозира Иванов и објаснува дека не се заканува, но, македонските институции во даден момент ќе постапат против него, ќе ги истражуваат сите околности.

Винер Цајтунг Ѓорѓе Иванов интервју претседател
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.