Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов во март го информирал Заев за номинацијата на Богов

0
By Нова ТВ on May 4, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кабинетот на претседателот на државата Ѓорге Иванов денеска преку соопштение информира одлуката да го номинира актуелниот гувернер на НБРМ Димитар Богов за уште еден мандат ја донел по консулатции со повеќе институции и организација, а за одлуката го информирал и премиерот Зоран Заев на средбата на 26 март.

-Претседателот Иванов во текот на февруари и март оваа година изврши консултации со Сојузот на Стопански Комори, со Стопанската комора на Македонија, со Здружението на банкарството, со МАНУ и со други институции и поединци од оваа област, информираат од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, во врска со предлогот Димитар Богов повторно да биде гувернер на Народната банка на Република Македонија. По сите тие консултации, Димитар Богов беше посочен како најквалитетна, најпрофесионална и најсоодветна личност за извршување на оваа функција и кандидирање за негов втор мандат, велат од Кабинетот на претседателот .

-По извршените консултации, Претседателот Иванов оствари средба со премиерот Заев на 26 март оваа година, на која македонскиот претседател го запозна премиерот за исходот од консултативните средби и дека Димитар Богов ќе биде предложен за нов мандат од страна на македонскиот претседател, се вели во соопштението.

Потоа, како што информираат од Вила Водно, следувала и средба на претседателот Иванов со гувернерот Богов на која македонскиот претседател му ја соопштил својата намера на Богов дека ќе биде предлог за гувернер на НБРМ.

-Откако актуелниот гувернер му дал согласност на претседателот Иванов за негова повторна кандидатура, г. Димитар Богов остварил средба со премиерот Заев на која му ја искажал согласноста за одлуката на македонскиот претседател за негова повторна кандидатура. За предлогот Димитар Богов да биде гувернер на НБРМ, освен премиерот Заев информиран е и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, велат од кабинетот на Иванов.

Оттаму информираат и дека претседателот Иванов изминатиот период остварил и средби со други потенцијални кандидати за гувернерското место, меѓу кои и со  Фатмир Бесими.

-На сите тие средби, не била посочена ниту една забелешка за работата на актуелниот гувернер, ниту за работата на НБРМ. Напротив, на сите средби преовладувал ставот дека Богов заслужува повторна кандидатура и дека е најдоброто решение, кое е потврдено и во извештаите на ЕК, велат од Кабинетот на претседателот Иванов.

Согласно своите овластувања, претседателот Иванов на 27 април 2018 година предлогот го достави до Собранието на Република Македонија. Претседателот Ѓорге Иванов, повторно го предложи Димитар Богов за гувернер на Народна Банка на Република Македонија.

Премиерот Заев во изјавата од 1 мај потврди дека се сретнал со Иванов, но не кажа што тој лично мисли за Богов и дали за него е прифатливо тој да остане уште еден мандат во Народната банка.

-Реално очекував и следна средба да се случи, ако не, меѓу мене и координаторите на пратеничките групи, претседателот. Но вчера добив информација дека е пуштен предлогот. Мене ми е важна независноста на Народната банка и со тоа и монетарната политика да биде стабилна и во иднина. Истовремено ми е важно  секогаш преку експертските решенија и ние политичарите тоа да го потврдуваме, изјави Заев.

Заев тогаш најави средби со парламентарното мнозинство за да се договорат како ќе гласаат за предлогот Димитар Богов да биде гувернер и во наредните седум години.

Бесими Богов Заев Иванов НБРМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.