Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ивановска: Од новите пратеници ќе бараме да донесат Закон за потекло на имотот

0
By Нова ТВ on August 7, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Оној кој се стекнува со имот, не секогаш го запишува на свое име. Од новите пратеници ќе бараме да донесат Закон за потекло на имотот, изјави претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска во интервју за „Слободен печат“.

„Од досегашното искуство кое го имаме во Антикорупциската комисијата гледаме дека не секогаш оној кој се стекнува со имот, го става имотот на свое име. Тоа е најголемиот проблем што сега можеме да го истакнеме. Значи се врши дисперзија на имотот на некои други блиски роднини во фамилијата, дури и не мора да се блиски како семејство, може да се блиски пријатели. Затоа ние како Комисија сме согласни и едногласни да бараме од новиот парламентот да смогне сили или политичка волја и да донесе Закон за потекло на имотот на сите граѓаните. Дури тогаш ќе имаме темелна слика за тоа каде е имотот и кој располага со имотот. Тоа може да се направи и ќе биде голем чекор напред за сите, за нашата држава“, нагласува Ивановска.

Таа појаснува дека во анкетните листови пратениците треба да ја наведат целокупната имотна состојба со која располагаат, но исто така треба да пополнат и листови за судир на интереси.

„Со новиот Закон за спречување на корупција и судир на интереси, ние бевме обврзани да направиме нов образец. Според содржината образецот го дотеравме, го направивме, но, електронското решение сеуште не е готово. Проектот кој што беше поддржан од УСАИД е повлечен и некако сами до крај треба да го избуткаме ова ново решение за анкетните листови. Мислам дека многу скоро, веќе наредната недела ќе го објавиме тендерот за подготовка на електронски софтвер за анкетните листови кој ќе ни овозможи историски да следиме што се случувало во промена на имотната состојба на избраните лица. Дел од овој софтвер ќе биде и регистарот на службените лица и затоа даваме приоритет во нашата работа. Очекувам до крајот на годината да се подготви овој софтвер и да се стави во тест употреба“, додава таа.

Ивановска нагласува дека и овој пат анкетните листови пратениците и новоизбраните функционери ќе ги пополнуваат според старата содржина за која има утврдено недоследности, пропусти и слабости.

„Ќе мора да ги донесат лично во нашата институција или да ги испратат по пошта. Софтверот до сега требаше да биде функционален, но се случија многу работи кои тоа го оневозможија“, вели Ивановска.

Претседателката на Антикорупцуска додава дека сите пратенци и функционери на кои им завршува мандатот, исто така се должни да пополнат и да поднесат анкетен лист до Комисијата.

„Податоците кои ќе бидат внесени во анкетните листови, нашите служби ги внесуваат во нашата база на податоци. Таму во тој регистар тие остануваат 10 години. Ние немаме обврска, ниту законска можност анкетните листови, да ги држиме јавно на нашата веб страна. Но, затоа тие податоци имаме обврска да ги чуваме цели 10 години. Секој новинар или известувач кој се интересира за имотната состојба на пратеникот или било кој функционер на кој му мандатот му завршил, може по пат на слободен пристап да побара информации и да ги добие тие податоци“, додава Ивановска.

Антикорупциска барање Билјана Ивановска Закон за потекло на имот пратеници Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.