Денис Тен (25), освојувач на првиот златен медал во уметничко лизгање за Кахастан, им подлегна на повредите, откако беше мета на крадци во Алмати, најголемиот град во земјата.

Националната новинска агенција „Казинформ“ објави дека Тен бил избоден од двајца разбојници кои се обидувале да ги украдат ретровизорите од неговиот автомобил, пренесува британски „Гардијан“.

Тен по инцидентот веднаш беше хоспитализиран, но и покрај лекарските напори им подлегна на повредите. Казахстанската полиција го третира случајот како убиство.

За немилиот настан што ја потресе земјата се јави и министерот за спорт и култура кој го опиша Тен како лизгач, легенда на уметничко лизгање и гордост на Казахстан.

Тен е носител на златен медал во уметничко лизгање од олимписките игри во Сочи и по едно сребрено и бронзено одличје од Светските првенства во 2013 година и во 2015 година. На зимската Олимпијада во Пјонгчанг го освои 27. место, пласман што дојде како последица на долгиот период на повреди што го измачуваа во последните години.