Во Холандија денеска се одржуваат парламентарни избори, кои според аналитичарите се едни од најзначајните н бидејќи тие го означуваат почетокот на процесот кој би можел поприлично да ја преобликува денешна Европа.

По Холанѓаните на избирачките места ќе излезат Францусите и Германците, а популистичките партии се во сериозен залет.

Партијата за слобода на чие чело е ксенофобниот Герт Вилдерс, според предвидувањата на многу истражувања важи за фаворит, иако не е сигурно дека тој би можел да биде премиер, бидејќи од 28-те партии кои учествуваат на изборите, ниту една не сака да коалицира со него.

Сепак постои шанса неговата партија да биде најјаката поединечна сила во Парламентот на Холандија.

Меѓутоа, она што е исклучително важно, а за што малку се зборува е помошта што оваа партија ја добива од странство.

Кампањата на Герт Вилдерс силно ја помагаше мала група ултраконзервативци од Америка. Еден од нив е републиканскиот конгресмен Стив Кинг, кој на Твитер неколку пати изрази поддршка  за Партијата за слобода и за нејзиниот лидер, со видливо воодушевување на планот на Вилдерс “за зачувување на белата раса“.

-Герт Вилдерс е човек кој разбира дека културата и демографијата се нашата судбина. Не можеме да ја вратиме нашата цивилизација со туѓи бебиња, напиша Кинг на Твитер, додавајќи дека „очекува администрацијата на Трамп тесно да соработува со Вилдерс и со луѓето слични нему“.

Но тој не е единствениот почитувач на ликот и делото на популистичкиот кандидат од Холандија. Според британски „Индепендент“, Вилдерс платил најмалку шест посети на САД каде се среќавал со десничарски ориентирани конгресмени и тоа само во последните 4 години. Меѓутоа, не е чудно овој европски политичар да има пријатели преку Атлантикот. Она што е загрижувачки за либералната левица во Холандија е тоа што некои од неговите пријатели се во Белата куќа.

Во ноември 2015 година Вилдерс бил гостин – говорник на „викендот на обновата“, кој го организра конзервативниот активист Дејвид Хоровиц. На оваа конференција бил присутен и Џеф Сешнс, тогаш сенатор од Алабама, сега државен обвинител на САД во администрацијата на Трамп, како и неговиот помошник Стивен Милер, виш политички советник на стратегот на Трамп, поранешнито уредник на ултрадесничарскиот портал „Брајтбарт“, Стивен Бенон.

Бартбрајт за време на уредништвото на Бенон објавуваше пофални написи за Герт Вилдерс и јавно го повикуваше Вашингтон да „пружи поддршка на овој шармантен десничар од Холандија“.

Американските конзервативци не беа јаки само на зборови кога се работи за поддрпката на Вилдерс, туку и финансиски. Центарот за слобода, органзиација со која раководи Хоровиц, на партијата на Вилдерс и донирала 150.000 долари, што според официјалните податоци, е најголемата донација која една партија во Холандија ја добила минатата година.

Конзервативниот весник „Форум за Блискиот исток“ уплатил значајна сума пари во фондот на Партијата за слобода, откако Вилдерс је обвинет за расизам, за што и му беше судено. Две десничарски фондации од САД, „Институтот Гејтсон“ и „Фондацијата Меѓународна алијанса за слобода“ ги спонзорирале патувањата на Вилдерс во САД. Најмалата донација која ја добил од Америка е 8.000 долари, а ја уплатила компанијата ФОЛ од Бафало.

И додека сите нагласуваа дека најголемата опаснот за вредностите на ЕУ доаѓа од Владимир Путин од Русија, никој не гледал на другата страна, од каде се слеваат пари на сметките на Вилдерс и слични на него, пишува „Индипендент“.

Дејвид Хоровиц, инаку заколнат непријател на муслиманската емиграција, го фалел Вилдерс пред богатите колеги и влијателни конгресмени, нарекувајќи го „херој на најважната битка на нашето време, на борбата за одбрана на слободата на говорот“.

Герт Вилдерс во 2009 година за време на една од своите посети на Америка предложил план кој потсетува на извршната наредба на Доналд Трамп за забрана за влез во САД.

Како свои најголеми сојузници во Европа Вилдерс  има две жени:  лидерката на Националниот фронт Марин Ле Пен од Франција и Фрауке Петри, која ја предводи антиимигрантската партија во Германија Алтернатива за Германија.