Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово објави дека на вонредните парламентарни избори правото на глас до 11 часот го искористиле 174.669 лица, односно 9,64 отсто од регистираните гласачи.
Претседателката на ЦИК, Ваљдете Дака на прес-конференција изјави дека на претходните избори во 2017, до 11 часот биле регистрирани над 24 илјади гласови помалку. Според неа, изборниот процес засега се одвива без поголеми проблеми.
„Освен неколку изолирани инциденти, според податоците кои доаѓаат од оперативниот центар, процесот на гласање се одвива во ред“, изјави Дака.
На седмите парламентарни збори, кои се одржуваат денеска во Косово, право на глас имаат над 1,9 милиони граѓани.