Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Избори Русија: Путин освои рекордни 76,7 отсто гласови

0
By Нова ТВ on March 19, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владимир Путин е реизбран за претседател на изборите во Русија, што се одржаа вчера, освојуваќи 76,67 од гласовите, покажуваат податоците на изборната комисија од обработени 99,9 отсто ливчиња.

Со тој резултат, Путин си го подобри рекордот од 2012 година кога освои 64% и помина подобро отколку што покажуваа анкетите пред избори.

Според изборната комисија, одѕивот бил 67,4 проценти, на претходните избори таа цифра била 65 проценти.

Обраќајќи се на собирот во Москва, Путин рече дека гласачите “ги потврдија постигнувањата во последните неколку години”.

Во изјавата за новинарите откако беа објавени резултатите, тој се пошегува на прашањето, дали би се кандидирал за уште еден мандат.

-Ова што го кажувате е малку смешно. Дали мислите дека би останал тука додека наполнам 100 години? Секако дека не, одговори тој.

Путин се наоѓа на чело на Русија, било како премиер или како претседател од 1999 година.

Откако на најголемиот конкурент на Путин, опозиционерот Алексеј Навални, му беше забрането да се кандидира, од седуммината конкуренти, најблиску дојде комунистичкиот кандидат Павел Грудинин, кој доби околу 12 отсто од гласовите.

Потоа следуваат новинарката Ксенија Собчак и ветеранот-националист Владимир Жириновски со помалку од 2% и околу 6%.

Ваквиот резултат од тимот што ја водеше кампањата на Путин го нарекоа”неверојатна победа”.

-Процентот говори сам за себе. Тоа е мандат што му е потребен на Путин за идните одлуки, а му претстојат многу, изјави портпаролот на штабот за  Интерфакс.

Полнење гласачки кутии и присилно гласање

Но видео снимките од избирачките места покажуваат нерегуларности во голем број градови низ цела Русија. На некои од нив се гледа како членовите на комисиите ги полнеле кутиите со гласачки ливчиња.

Комиссия №268 в Кемерово решила, что шарики – хороший способ закрыть видеокамеру и спокойно приступить к подсчету https://t.co/zJSNxoH8i5 pic.twitter.com/qMwJCkTZO1

— Движение Голос (@golosinfo) March 18, 2018

Независната група за следење на изборите, Движење Голос во текот на целиот ден известуваше за стотици нерегуларности, како: полни гласачки кутии пред да се отворат гласачките места, на набљудувачите им било забрането да влезат на некои избирачки места, носење гласачи со автобуси, на камерите на гласачките места биле поставувани балони и други препреки. Во некои области, во продавниците во близина на гласачките места била нудена бесплатна храна и попусти.

Но, Ела Памфилова, претседателка на Централната изборна комисија, ги отфрли овие забелешки и рече  дека нема сериозни прекршувања.

-Ние анализиравме и следевме се што можевме и се што пристигна. Досега сето тоа е незначчајно, изјави таа на состанокот на комисијата, говорејќи за нерегуларностите.

Таа претходно кажа дека секој кој ќе вклучен во нерегуларности, ќе биде фатен.

Вчерашното гласање беше прво што Русија го спроведува на Крим, откако тој беше анектиран во 2014 година. Митингот на Путин се совпадна со годишнината од анексијата.

Анексијата беше жестоко оспорена од Киев и ги засили тензиите меѓу Русија и Западот. Русите што живеат во Украина не биле во можност да учествуваат на гласањето, бидејќи пристапот до руските дипломатски мисии бил блокиран од властите на Киев.

Победа претседателски избори Путин Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.