Во Тунис денеска се одржуваат парламентарни избори, а главни фаворити се умерената исламистичка партија Енахда и популистичкото движење „Калб Тунес“ на медиумскиот магнат, Набил Карои кој е во затвор. Анкетите покажуваат дека двете партии ќе постигнат добри резултати, но, речиси, е неверојатно една од нив да освои убедливо мнозинство.

Во фокусот на интерес на гласачите, кои избираат 217 пратеници, се економските проблеми на земјата. Безбедносните мерки за време на гласањето се засилени, а ангажирани се околу 100.000 полицајци и војници, претежно на границите со Алжир и Либија.

Карои ќе учествува и во вториот круг од претседателските избори во Тунис на кои негов ривал ќе биде професорот по право, Каис Саед.