Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Избори за европска или неизвесна и неевропска иднина, за демократија или автократизација?!

0
By Marija Todorovska on April 3, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 3, 2024 11:57

„Престојните претеседателски и парламентарни избори се историски во однос на геостратешкото патување на државата“, вели во изјава за „Фронтлајн“, политичкиот аналитичар Исмет Рамадани.

– Не се историски во смисла на внатрешното уредување и некаква засилена борба против корупцијата, туку се историски во однос на геостратешкото патување на државата. На ниедни досегашни избори не сме биле пред еден толку голем предизвик, во која насока и опција ќе ни ја придвижат државата претендентите за победа на овие избори. Едната опција предводена од СДСМ и двете коалиции на партиите на Албанците, коалицијата на ДУИ со турските, ромските и бошњачките партии, јасно се определени да продолжи патот на државата кон членство во ЕУ како втора стратешка цел, одкога веќе сме членка на НАТО. Другата опција, предводена од ВМРО ДПМНЕ, како и Левица, ЗНАМ, ГРОМ и некои други маргинални партии, или ја комплицираат европската опција на државата или јасно и гласно се против, анализира Рамадани за „Фронтлајн“.

И универзитетската професорка Ана Чупеска смета дека двојните избори, претседателските и парламентарните се со историска важност за државата и нејзината иднина.

– Пред нас се избори за европска или неизвесна и неевропска иднина, избори за демократија или автоктратизација. Во земјава оперираат структури чиј интерес е Македонија да се одврати од евроатланскиот курс. Оттука опцијата за намерата да се менува геостратешкиот пат на државата не се исклучува како опција, изјави Чупеска за „Фронтлајн“.

Но, додава нашата соговорничка, верувам дека граѓаните се свесни за окооностите и состојбите, и дека нема да се изберат неизвесност и анти-европска иднина.

Според политичкиот аналитичар Исмет Рамадани граѓаните и граѓанките, најдени пред еден ваков предизвик ќе одлучат со нивниот, како што рече тој, историски глас, по кој геостратешки пат ќе се движи државата.

– Многу е важно кога сме пред одлуката која детерминира стратешка и геополитичка опција на државата, токму на овие избори, да не бидеме индуктирани од тие кои се под влијание на руската пропаганда да ни наметнат опасна и непредвидлива иднина. Да не дозволиме поради неискрените и лукративни намери на поединци и групации да ја утнеме евроатланската опција на државата. Треба да ни биде јасно, и покрај ранливите политички компромиси низ одот кон членство во НАТО и ЕУ, ќе заздравиме ако на овие избори со нашиот глас ја поддржиме вистинската опција, а тоа е членство во ЕУ, без никакво комплицирање со додатни скриени намери, а кои добро читливи, нагалси Рамадани.

Од прогласувањето на независноста на државата во земјава се одржаа десет парламентарни избори, додека граѓаните по седми пат на претстојните претседателски избори ќе излезат да гласаат за претседател на државата.

Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, додека вториот круг е на 8 мај заедно со парламентарните. Кампањата за претседателските избори ќе започне на 4 април и ќе трае до 22 април, кога почнува и молкот што трае до 24 април. Кампањата за парламентарните избори ќе започне на 18 април и ќе трае до 6 мај.

Дестан Јонузи / Фронтлајн

ЕУ Избори 2024 Исмет Рамадани кампања НАТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.