Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Избори за ректор на УКИМ: Бојкот на кандидати, оставки во комисијата, претставки од НАкС

0
By Нова ТВ on June 26, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 26, 2020 10:08

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска организира избори за нов ректор што треба да го спроведат изборните комисии на единиците на УКИМ. Иако Универзитетската изборна комисија (УИК) утврди конечна листа со седум кандидати за мандатниот период 15 септември 2020 – 15 септември 2023, а и нивните програми за работа се објавени на веб-страницата на УКИМ, сепак, тројца од нив вчера соопштија дека не признаваат и не сакаат да учествуваат во недемократска трка за позицијата.

На таков чекор се одлучија професорите Петар Атанасов, Вукица Живковиќ и Драги Димитриевски. Нивната одлука за бојкот на изборот дојде по три дена од оставката на претседателот на седумчлената Универзитетска изборна комисија, професорот Пламен Тројачанец, и на уште неколку нејзини членови, и откако и Државната Комисија за спречување корупција (ДКСК) во соопштение наведе дека избори за ректор не може да се спроведуваат кога се распишани парламентарни избори.

Од ДКСК укажуваат дека по завршување на вонредната состојба, веднаш почнуваат забраните предвидени во член 8-а од Изборниот законик и дека почнатите постапки се ставаат во мирување до денот на завршувањето на изборот на пратеници во Собранието и изборот на Владата „освен во случаи на итни и неодложни работи“.

За својата оставка во понеделникот, претседателот на УИК, Тројачанец, изјави дека не сака да биде дел од избори во кои има многу притисоци, но и затоа што на Универзитетската изборна комисија не и бил достапен извештајот на Државниот просветен инспекторат (ДПИ) во кој стои дека таа не требало да ја продолжи работата по прогласувањето на (последната) вонредна состојба на 15 јуни, т.е. дека е тоа спротивно на Уредбата на Владата од 5 јуни за мирување на сите активности за избори на тела и продолжување мандати.

На прес-конференцијата вчера пред Ректоратот на УКИМ, професорите Атанасов, Живковиќ и Димитриевски истакнаа дека на Универзитетот му е одземено правото да добие ректор во транспарентна, објективна и фер процедура. Очекувале од министерот Арбер Адеми, од ДПИ и од надлежните институции да преземат дејствија за заштита на законитоста, односно стопирање на постапката за избор на ректор. Според нив, морална и академска должност е да преземат чекор со кој, како што посочија, нема да бидат „соучесници во вакви скандалозни избори“.

Сметаат дека од самиот почеток во март, постапката за избор се спроведува спротивно на Законот за високо образование и на Статутот на УКИМ и особено спротивно на елементарните демократски практики.

„Професорите и студентите се спречени директно да се запознаат со програмите на кандидатите, да им постават прашања, а кандидатите да дебатираат меѓу себе за сите теми. На нашите колеги им е оневозможено да одлучат врз основа на информирана определба“, истакнаа тројцата кандидати, кои ги повикаа колегите – наставниците, соработниците и студентите, како и сите членови на изборните комисии „да останат достоинствени и сами да одлучат дали ќе учествуваат на изборите“.

Тие испратија известување до Универзитетската изборна комисија во кое информираат дека ги ставаат во мирување нивните кандидатури, застапувајќи заеднички став дека изборите за ректор треба да се одржат по парламентарните избори во легална и легитимна постапка.

Од Комисијата, пак, со која по оставката на Тројачанец, претседава професорката Гордана Лажетиќ, добија одговор дека доколку не ги повлечат, нивните кандидатури и натаму ќе бидат дел од постапката за избор на ректор зашто таа е во тек и дека и во објавениот Роковник со активности не е предвидено мирување на постапката и мирување на кандидатурите на веќе пријавени кандидати.

За незаконитост на постапката за избор на ректор постојано реагираше и Независниот академски синдикат (НАкС) кој поднесе претставки до Инспекторатот. Според Синдикатот, иако мандатот на новиот ректор треба да почне на 15 септември, „се брза и форсира“ изборите за ректор на УКИМ да се одржат на 26 јуни кога завршува и мандатот на актуелниот состав на Сенатот на УКИМ. Со ова највисоко тело на Универзитетот претседава сегашниот ректор и кандидат за нов мандат Никола Јанкуловски, со оглед на тоа што на УКИМ сè уште не е воведена новата функција – претседател на Сенат, како што предвидува новиот Закон за високо образование од 2018 година.

Во својство на претседавач на Сенатот, актуелниот ректор е одговорен за законитоста и статутарноста на работењето на Сенатот, ситуација во која, како што наведе ДКСК во соопштението од понеделникот – „ректорот се поставува во позиција самиот себе да се контролира“.

ДКСК соопшти дека доставени се повеќе пријави според кои на УКИМ не е спроведена постапката за конституирање на Универзитетскиот сенат, согласно член 150 од Статутот на УКИМ, пред да биде распишан огласот за избор на ректор за да може Сенатот согласно Законот за високо образование од 2018 година да ја спроведе постапката за избор на Универзитетска изборна комисија.

„Наместо тоа, изборот на универзитетска изборна комисија е спроведен од постојниот состав на Сенатот (со помал број на членови на сенатот од научните институти), а работењето и постапувањето на изборната комисија и постапката на гласање и избор на новиот ректор ќе се спроведе согласно новиот закон и статут што доведува до неусогласеност на постапките според стариот и постојниот Закон за високо образование и Статутот на УКИМ“, наведе ДКСК, која укажа и дека со тоа што е и претседавач на Сенатот и кандидат за ректор, има „потенцијален судир на интереси што реално може да влијае врз непристрасното преземање на дејствијата во постапката за избор на ректор“.

Известувањето на ДКСК следуваше по извршениот инспекциски надзор од страна на ДПИ. Заклучоците од надзорот на ДПИ беа испратени на 18 јуни, но Министерството за образование и наука (МОН) не донесе решение со кое ќе постапи според насоките на ДПИ и ДКСК.

Независниот академски синдикат побара од министерот за образование и наука да ја заштити законитоста на постапките и да донесе решение со кое ќе се стопира изборот на ректор и ќе се побара отстранување и на другите правни недостатоци во спроведената постапка. Повикувајќи се на укажувањата од ДКСК, Синдикатот оцени дека продолжување на активностите за избор на ректор додека траат парламентарните избори „претставува грубо прекршување на Изборниот законик“.

„Затоа, Независниот академски синдикат до ДКСК ќе поднесе претставки за прекршување на Изборниот законик против деканите, директорите, членовите на Универзитетската изборна комисија, членовите на изборните комисии на единиците и/или сенаторите кои на кој било начин ќе земат учество во понатамошната постапка за избор на ректор, вклучително и во евентуалната постапка за избор на нови членови на Универзитетската изборна комисија“, соопшти НАкС пред три дена.

Покрај тројцата професори кои вчера соопштија дека нема да учествуваат на изборите (Петар Атанасов од Институтот за социолошко-правни истражувања, Вујица Живковиќ од Факултетот за физичко образование и Драги Димитриевски од Земјоделскиот факултет), на јавниот оглас од 30 мај во 2020 година за ректор на УКИМ се пријавија уште четворица кандидати – актуелниот ректор Никола Јанкуловски од Медицинскиот факултет, Јане Ацевски и Коле Василевски од Шумарскиот факултет и Александар Димитров од Технолошко-металуршкиот факултет. Нивните кандидатури се прифатени и тие се на конечната листа во трката за нов ректор на Скопскиот универзитет.

Според Роковникот со активности во постапката за избор, денеска треба да има тајно гласање на секоја од единиците на УКИМ, на 6 јули повторно гласање (прегласување) и по рокот за приговори, конечните резултати од изборот на ректор да бидат објавени на 9 јули..

бојкот ДКСК комисија оставки претставки ректор Синдикат УКИМ; Избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

ВЕСТИ May 14, 2026

Седум луѓе загинаа, а 44 се повредени во комбинираниот руски напад со ракети и дронови…

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.