Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изборите минаа, полицискиот час се врати: Белград се затвора од петок до понеделник

0
By Нова ТВ on July 7, 2020 ВЕСТИ
Фото: rtv.rs
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По два месеца пауза, Србија ја враќа мерката „полициски час“ која засега е најавена за Белград каде ситуацијата со Ковид-19 во земјата е најалармантна. Како што истакна претседателот Александар Вучиќ, „полициски час“ ќе стапи на сила во петок, веројатно во 18 часот и ќе трае до 5 часот наутро во понеделник.

Од утре, пак, како што порача Вучиќ, во главниот град стапува на сила и забраната за јавни собири на отворен или во затворен простор со повеќе од пет лица.

„А, од петок одиме на подолг полициски час, до понеделник. За натаму ќе видиме. Ќе обезбедиме движење на сопствените на домашни миленичиња, за мајките со деца и, секако, за пензионерите“, порача Вучиќ.

Србија во моментот, според Вучиќ, има речиси 4.000 хоспитализирани пациенти кои се позитивни или суспектни на Ковид-19. На вечерашната прес-конференција, тој алармира дека и капацитетите на болниците се полни, дека места од ден на ден има се помалку и апелира на придржување на мерките за заштита од коронавирусот.

„Сите болници во Белград се речиси полни. Инфективната клиника, Клиничкиот центар „Бежаниска коса“, „Драгиша Мишовиќ, Клиничкиот центар Земун, Воената болница на Карабурма. Значи сите болници што ги одредивме како Ковид центри се полни, а се полни и Ортопедската болница на Бањица во која веќе се сместени над 70 лица и секој ден пристигнуваат по 10-20 нови. Луѓе, мора да се чуваме, мора да ги чуваме животите. Бесот насочете го кон мене, не кон лекатите. Тие на 35 степени се облечени во скафандери, одат во црвената зона и се борат за нашите животи“, рече Вучиќ.

Александар Вучиќ Белград Ковид-19 полициски час Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.