Актуелниот претседател Клаус Јоханис, според две излезни анкети, е водечки по првиот круг на изборите во Романија. Негов противкандидат за вториот круг на гласање се очекува да биде поранешната романската премиерка од редовите на социјалдемократите, Виорика Данчила.
Изборните места беа затворени во 19 часот по локално време, а првичните проценки на излезните анкети се дека Јоханис освои 39 отсто гласови наспроти 22,5 отсто на Данчила. Доколку ниту еден од кандидатите не добие 50 отсто гласови, тогаш вториот круг на гласање ќе се одржи на 24 ноември.