Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Измени во Законот за пензиско и инвалидското осигурување

0
By Marija Todorovska on April 1, 2025 ВЕСТИ
Фото: Pixabay
Фото: Pixabay
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 1, 2025 13:26

Во продолжението на денешната 38. седница Собранието го донесе законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидското осигурување. Седницата почна со едно минутно молчење и оддавање почит на настраданите во пожарот во дискотеката во Кочани, во кој загинаа 59 лица, а над 190 беа повредени.

Со измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување се става вон сила системската одредба на член 37 за усогласување на пензиите во периодот од 1 септември 2024 година до 31 август 2025 година. Во овој период пензиите се зголемуваат во фиксен износ од 2.500 денари на 1 септември 2024 година и 1 март 2025 година, стои во образложението на законот. Исто така се уредува еден од условите за именување на директорот, односно заменик директорот на Фондот, кој се однесува на поседување на уверение, сертификат и/или потврда со кои се докажува познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија.

Пратеничката на СДСМ Јованка Тренчевска забележа дека измените во условите за именување на директор и заменик директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување се поради немањето квалитетни кадри за таа функција власта да стави, како што рече, партиски полтрони.

Во однос на делот за усогласувањето на пензиите, Тренчевска посочи дека примателите на пензии кои го стекнале правото на пензија во државата, но пензијата им се исплаќа во друга држава се исклучуваат од можноста за усогласување на пензиите.

Пензионери кои оствариле такво право се 9.981 лице и уште 2.000 кои во моментот се исклучени поради доставувањето потврда за живот. Вкупно околу 12.000. Најголем дел од нив, односно 5.737 лица се од Србија , во Косово има околу 1.000, а останатите се во други 30 држави. На сите заедничко им е што работеле во Македонија, плаќале придонеси и го оствариле правото на пензија во земјава. Тоа се лица кои согласно ратификуваните меѓународни договори оствариле право на пензија со збир на стаж во двете договорни страни односно во Македонија и земјата со која имаме потпишано договор за социјално осигурување и каде што им се исплаќаат пензиите, истакна Тренчевска.

Со измените, нагласи, им се скратува можност за усогласување на пензиите не само сега во март, тука засекогаш.

 Се бришат како да не постојат од правото за усогласување на пензиите, а со тоа и нивниот раст. Ќе останат се додека ја примаат пензијата со вредноста која во овој момент ја добивале, рече Тренчевска.

Со измените забележа дека им се дава можност на државите со кои имаме потпишано договори за социјално осигурување истото да го направат и за наши граѓани кои работеле во некоја од нив, а своите пензионерски денови решиле да ги поминат, да се вратат во Македонија.

 Македонија има потпишано и ратификувано договори за социјално осигурување со сите земји во кои се исплаќаат пензиите на овие 12.000 граѓани. И во најголем дел од нив постои одредба со која се овозможува еднаков третман на граѓаните во двете земји на договорните страни, односно и дека при примената на правните прописи на една договорна страна ќе бидат изедначени државјаните од друга договорна страна, кои остваруваат одредено право согласно договорот, особено се истакнува во делот на пензиите, рече Тренчевска.

Пратеничката на ВМРО – ДПМНЕ, Ангелинка Петкова во реплика нагласи дека со измените се покачуваат пензиите на пензионерите за 2.500 денари и оти тоа е второ покачување од септември минатата година. Таа подвлече дека тоа што го ветувале и го исполнувале навраќајќи се на проектите релизирани во претходниот мандат на ВМРО – ДПМНЕ.

А вие им ги намаливте пензиите. Пензиите беа под нивото на социјална помош. Од вкупно 320.000 пензионери, 170.000 имаа пензија под просечната, еднаква на социјална помош. Осумдесет и девет илјади земаа пензија под 9.000 денари, затоа ви се случија протестите, пензионерите беа незадоволни, рече Петкова.

инвалидско осигурување пензиско осигурување Собрание Тренчевска Фонд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.