Елиз Мертенс е победничка на ВТА турнирот во Доха. Белгијката во финалето, по два часа и шест минути игра, ја порази Романката Симона Халеп со 3:6, 6:4, 6:3 за петта титула во кариерата.

До трофејот во Доха, Мертенс совлада три тенисерки од топ 10 на ранг листата. Пред Романката, таа славеше и над Германката Анжелик Кербер и против Холанѓанката Кики Бертенс.

И покрај поразот, Халеп ќе остане втора светска тенисерка на најновата ВТА листа по Јапонката Наоми Осака која ја потисна од врвот со освојувањето на Австралија опен.