Доминик Тим го направи првото изненадување на завршнииот Мастерс во Лондон. Австриецот во првото коло во групата Б го порази Роџер Федерер со 7:5, 7:5 во меч што траеше 102 минути.
За Тим ова е трет триумф над Швајцарецот во 2019 година или вкупно петти во седумте нивни меѓусебни дуели досега. Австрискиот тенисер од Винер Нојштад во второто коло, во вторник, ќе игра против Новак Ѓоковиќ кој на стартот оствари лесна победа над Матео Беретини од Италија со 6:2, 6:1.
Првото коло во групата А е закажано за утре (понеделник) со пресметките Данил Медведев – Стефанбос Циципас (15 ч.) и Надал – А. Зверев (21 ч.).