Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Израел со нови прелиминарни сознанија за ефективноста на вакцините

0
By Mirjana on July 23, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 23, 2021 13:47

Израелското Министерство за здравство соопшти дека ефективноста на вакцината против коронавирус е намалена на 39 проценти во спречување на инфекцијата, и на 41 процент кај симптоматска инфекција.

Сепак, се додава дека вакцината сè уште е многу ефикасна во спречување на сериозни форми на болеста и таа изнесува 91 процент, и 88 проценти во спречување на хоспитализација на вакцинираните, пренесуваат денеска израелските медиуми.

Податоците се објавени три недели откако првпат беше откриен пад на ефикасноста на вакцината Фајзер против позаразниот Делта вид на вирусот. Се чини дека таа мутација доведе до зголемување на бројот на нови инфекции во Израел, и покрај брзата кампања за вакцинација. Повеќе од 5,7 милиони Израелци ја примија првата доза на вакцината, а над 5,2 милиони се целосно имунизирани.

Меѓу оние кои ги примиле двете дози на вакцина и се сметале за целосно имуни, 5.770 биле позитивни на вирусот од повеќе од милион тестови.

Израелското Министерство за здравство забележа остар пад на ефикасноста на вакцините врз основа на неодамнешните анализи кои сугерираат дека ефикасноста на вакцините опаѓа со текот на времето во спречување на инфекција, но и сериозни болести. Претходно, ефикасноста на вакцината Фајзер/Бионтек беше над 90 проценти, потсетуваат израелските медиуми, пренесува МИА.

Тие исто така ги пренесуваат резултатите од британското истражување објавено оваа недела во медицинскиот Журнал Нова Англија, кое покажува дека истата вакцина е 88 проценти ефикасна во спречувањето на симптоматскиот Ковид-19, што е повеќе од двојно од израелските податоци.

Некои аналитичари предупредија дека индикаторите за ефикасност на вакцините може да бидат неточни поради различни фактори, вклучувајќи го и прашањето дали има точни податоци за нивото на инфекција кај невакцинираните, што е од клучно значење.

И покрај наводниот пад на ефикасноста на вакцините, израелскиот премиер Нафтали Бенет синоќа ги критикуваше Израелците кои одбиваат да бидат вакцинирани, велејќи дека тие „го загрозуваат населението, преостанатите осум милиони граѓани“.

– Сите Израелци кои можат да бидат вакцинирани мора да бидат вакцинирани, рече Бенет и потсети дека околу милион Израелци кои можат да ја примат вакцината одбиваат да ја примат.

Ширењето на Делта сојот се припишува, меѓу другото, на големиот број патници на меѓународниот аеродром во Израел, кои не биле тестирани или изолирани при нивното пристигнување.

Покрај тоа, децата под 12-годишна возраст се подложни на вирусот, бидејќи не можат да примат вакцина.

Епидемиологот Надав Давидович, професор на универзитетот Бен Гурион, коментирајќи ги податоците за намалување на ефикасноста на вакцината во спречување на пренесувањето на вирусот, оцени дека сепак е одличен во спречување на сериозни болести и смрт.

– Затоа не можеме да се потпреме само на вакцинации, туку и на зелени пропусници, тестирања, маски и слично, рече тој, алудирајќи на пропусници за вакцинирани лица, оние кои прележале Ковид-19 и имаат негативен тест за да можат да присуствуваат на собири со повеќе од 100 луѓе и на отворено и на затворено. Тие пропусници ќе бидат повторно воведени на 29 јули, по одобрување од владата.

Епидемиологот исто така рече дека сите наведени податоци треба да се сметаат за прелиминарни, имајќи го предвид малиот број на позитивни пациенти во ова време.

вакцини Израел намален ефект
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.