Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

Ја одмина Флорида: Ураганот „Дориан“ смени правец кон Јужна и Северна Каролина

0
By Нова ТВ on September 1, 2019 СВЕТ
Фото: theweathernetwork.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 1, 2019 10:22

Ураганот „Дориан“ синоќа је промени патеката на движење и наместо да удри во брегот на Флорида, како што се очекуваше, продолжи на север кон крајбрежјата на сојузните држави Џорџија и Јужна и Северна Каролина во кои, заедно со Флорида, е прогласена вонредна состојба.

Како што јави „Си-Би-Ес“, населението по крајбрежјето на Флорида деновиве почна со масовни подготовки за удар на ураганот, со пополнување на резервите на вода, на храна и на гориво, а на некои плажи на Атлантскиот Океан се полнеа вреќи со песок за заштита од поплави.

Иако се очекуваше ветрот да удри со брзина од преку 180 киломери на час, ураганот, сепак, не го зафати јужниот полуостров, туку го промени правецот кон источниот брег на САД.

„Дориан“ се очекува да биде од втора или трета категорија во Јужна и Северна Каролина најрано в понеделник навечер. Ураганот моментно беснее на Бахамите повеќе од 30 часа со силина од четврта категорија, а локалните власти упатија апел до населението за евакуација од загрозените острови.

„Куќите и објектите можат да бидат заменети, но животите не“, изјави премиерот на Бахами, Хуберт Минис.

Во меѓувреме, и населението на Флорида е на готовс. Гувернерот на американската сојузна држава, Рон Десантис, ја нагласи потребата од будност „бидејќи ураганот може уште еднаш да ја промени патеката и да предизвика опасни поплави без да удри во државата“.

„Дориан“ САД ураган
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.