Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанакиески: Не треба да бидам казнет за постапките на Груевски

0
By Нова ТВ on November 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 26, 2018 15:42

Во скопска Апелација се одржа јавна седница по жалбата за притворот на ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, на која Јанакиески рече дека со решението за притвор се прекршени членови на Законот за судови, Законот за кривична постапка и Законот за класифицирани информации и членови на Европската конвенција за човекови права и е во спротивност со праксата на Европскиот суд за човекови права.

Тој посочи дека една година и 4 месеци редовно се јавувал во судот и воопшто нема констатација дека ги прекршил овие законски мерки, а ја оспори и службената белешка од УБК врз основа на која се базира решението за притвор, нарекувајќи ја фиктивна.

-Не е наведено во кои денови, каде и во колку часот биле остварени средбите помеѓу мене и посредникот. Нема податок за датумот, времето и местото кога е остварена средбата помеѓу посредникот и претседателот, во решението не е презентирано дали СЈО или Кривичниот совет направиле проверка со Кабинетот на претседателот Иванов дали таква средба воопшто била одржана, која била темата, но и нивото на доверливост на изворот, кога веќе белешката не е доставена во прилог на решението, па ниту јас, ниту мојата одбрана ја имаме на увид, рече Јанакиески.

За средбата кај претседателот Иванов рече дека била на 13 ноември во 16 часот, на која присустувале уште две лица, од кои едниот бил претставник од Кабинет, преку кого била организирана средбата. Јанакиески рече дека не се разговарало за амнестијата, туку, како што рече го информирал Иванов за иницијатива поврзана со актуелната политичка состојба во Македонија.

Јанакиески исто така негираше дека поседува банкарски сметки во странство. Тој рече дека испратил допис до СЈО и Кривичниот совет каде ги информирал дека доколку достават докази дека поседува макар една сметка во странство и овој наод биде потврден од релевантни институции, спремен е итно да се спогоди за сите судски предмети кои ги води СЈО, па макар тоа би било и доживотна казна затвор.

Јанакиески на денешната јавна седница откри дека веднаш откако екс премиерот во бегство Никола Груевски објавил дека е во Будимпешта и откако владини функционери и претставници на СЈО во јавни и телевизиски настапи говореле за можноста и потребата повеќе поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ да добијат притвор, контактирал со високи владини претставници, прво преку пораки, а потоа и телефонски.

-Во телефонските разговори укажав дека Миле Јанакиески и Никола Груевски не се иста личност и дека не треба да бидам казнет и жртвуван поради неговите постапки. Разговорите беа добронамерни, со размена на факти и аргументи, но исто така јасно и недвосмислено истакнав дека ниту сум планирал, ниту ќе се дадам во бегство. Истиот ден, за на 14.11.2018 година закажав гостување на една телевизија, рече поранешниот министер за транспорт и врски.

Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова, го бранеше решението за притворот со објаснување дека не можеле на поинаков начин да спречат бегство на Јанакиески, притоа повикувајќи се на службената белешка од УБК дека тој планирал бегство.

На тоа реагираше Јанакиески кој рече дека ниту планирал да бега и дека ниту ќе бега.

-Не е точно дека не сум кажал што било тема на разговорот. Кажав што разговаравме со претседателот а тоа беше кажано и со неговиот допис каде точно е опишана темата на разговор. Повторувам не треба дејствата на едно лице сообвинител да бидат поврзани со мене, рече тој алудирајќи на бегството на Никола Груевски.

Апелацискиот суд има два дена рок да одлучи по жалбите.

Апелација жалба Јанакиески притвор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
shortcut
ФОКУС
August 4, 2026

Украинците за прв пат користат роботи во борба: ги спуштија зад руските линии со дрон

ВЕСТИ August 4, 2026

Украина отвори ново поглавје во развојот на модерното војување со спроведување на првата позната борбена…

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

August 1, 2026

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.