Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанева: СЈО не отстапува од барањето за притвор на Сеад Кочан

0
By Нова ТВ on June 9, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска го повтори барањето дека тие не отстапуваат од барањето за притвор на сопственикот на телевизијата НОВА (која никако не е поврзана со сајтот НОВА ТВ), Сеад Кочан.

Кога се работи за криминал за каков што е осомничен Кочан, пракса е во државата да се бара притвор за лицето.

„Сакаме господинот Сеад Кочан да оди во притвор. Тоа е нашиот став. Ова сега е судска работа, ако не викнат ние ќе го повториме нашиот став, бидејќи е осомничен во нашиот случај“,  изјави денеска Јанева.

Апелиониот суд ја оспори гаранцијата  од 900 илајди евра што ја понуди Кочан, со образложение дека првостепеното решение со кое му е уважена, има нејаснотии во делот на понудените хипотеки, и доказите за основаноста на понудената гаранција.

Гранцијата што ја понудила одбраната се состои од хипотека на недвижениот  имот на Телевизијата Нова, за што не била побарана согласност од управителот, уште еден недвижен имот и возило марка Мерцедес, за кое нема наведено ниту број на сообраќајната дозвола, ниту кој е сопственик.

Кочан е првоосомничен во предметот „ Труст“, во кој заедно со уште две фирми се товарат дека фалсификувале документи со кои добиле тендер од 17 милиони евра од ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Суводол.

Првата жена на СЈО, исто така информираше дека ќе поднесе уште најмалку 15 обвиненија до крајот на месецов, кога истекува крајниот рок на институцијата за поднесување на обвиненија.

Останатите предмети, кои се во порана фаза, засега нема да ги предаде на редовното обвинителство и покрај тоа што, барем во моментов, СЈО нема да биде во можност да ги преточи во обвиненија.

Катица Јанева притвор Сеад Кочан СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.