Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јавна расправа во Собранието за Законот за ЈО

0
By Нова ТВ on January 28, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Законот за јавно обвинителство денеска влегува во собраниска процедура. Ќе се бара приближување на ставовите на власта и опозицијата на јавна расправа во рамки на парламентарната Комисија за политички систем. Седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците е закажана во 14 часот и единствена точка на дневен ред е „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“.

Од СДСМ, во пресрет на јавната собраниска дебата, порачуваат дека Законот за ЈО е последна шанса за ВМРО ДПМНЕ да покаже дали е за ЕУ и за правна држава.

„Сите демократски капацитети во државата и нашите стратешки меѓународни сојузници го поддржуваат законското решение за Јавното обвинителство кое обезбедува независност и професионалност на јавните обвинителства. Законот за Јавно обвинителство е последната шанса на ВМРО-ДПМНЕ да покаже дали навистина е за ЕУ и за неселективно владеење на правото. Јавната собраниска дебата за Законот е последна можност за ВМРО-ДПМНЕ да покаже дека навистина се грижи за владеење на правото, за стручни, ефикасни и независни обвинители и за процесуирање на сите кривични дела поврзани со висока корупција“, соопшти СДСМ.

На јавната расправа, покрај политичките претставници, ќе учествуваат и домашни и странски експерти, како и државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, на што инсистираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ на последната средба на партиските работни групи.

Од ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека ќе учествуваат на јавната расправа. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски изјави дека се сериозни во намерата да се донесе законот за јавно обвинителство, ако Владата ги прифати забелешките на опозицијата.

„Ако постои реална желба од страна на Владата за прифаќање на забелешките на опозицијата кои се аргументирани, тогаш зошто да не го донесеме тој закон. Но, доколку не постои таа желба, тогаш тоа е тоа“, истакна Мицкоски, додавајќи оти сакаат да се донесе добар закон не само на хартија, туку и да се имплементира во пракса.

Забелешките на ВМРО-ДПМНЕ се дека власта со законот сака повторно да го воскресне СЈО и да ги заштити криминалците од своите редови. Тврдат дека се залагаат за закон кој ќе биде неселективен и пред кој ќе можат да одговараат сите граѓани.

По серијата неуспешни обиди за договор меѓу власта и опозицијата, прашањето за законот за ЈО повторно се актуелизира по неодамнешната посета на еврокомесарот Оливер Вархеи на Скопје, кој порача дека би било добро да се донесе законот пред распуштање на сегашниот парламентарен состав, што би било добар знак за земјите-членки на ЕУ во контекст на очекуваната одлука за отворање на преговори за членство на земјава во Унијата.

И амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во земјава на минатонеделната средба со премиерот Оливер Спасовски истакнаа дека носењето на законот за јавно обвинителство, иако не е услов за евроинтеграциите, ќе биде добра порака за определеноста на сите политички субјекти во земјава за дијалог и владеење на правото.

ВМРО ДПМНЕ Закон за ЈО јавна дебата Македонија СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.