Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јавната пропаганда за референдумот да се одвои од другите содржини

0
By Нова ТВ on September 5, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Агенцијата за аудио и аудоиовизуелни медиумски услуги на Македонија денеска предупреди дека јавната пропаганда за референдумот да се одвои од другите содржини на медиумите.

– Во последните неколку дена, на повеќе телевизии и радија се емитуваат реклами од кампањата „Замисли иднина заедно“ на Делегацијата на ЕУ во пресрет на референдумот. Рекламните спотови не се јасно одвоени од другите содржини на медиумите, не се означени како платена јавна пропаганда, а во нив учествуваат и малолетници, наведува АВМУ.

Агенцијата потсетува дека платената јавна пропаганда согласно Упатството за медиумското претставување за време на референдумот од 17 август 2018 треба да се емитува во дополнителните девет минути на реален час кои се исклучиво наменети за платена јавна пропаганда за референдумот, а не во редовното време за емитување реклами од 12 минути.

Натаму, АВМУ додава дека треба јасно да се одвои од програмите и од другите рекламни пораки на радиодифузерите и видливо да се означи како платена јавна пропаганда, и да се емитува со јазно означен нарачател за целото времетраење.

– Во платената јавна пропаганда не смеат да учествуваат малолетници и таа не смее да се емитува во текот, непосредно пред и по емисиите чија примарна целна група се деца и/или младинци. Исто така, не смее да се емитува во вести, посебни информативни емисии, како и за време на директни преноси од верски, спортски, културни, забавни и други настани, наведува АВМУ.

Агенцијата очекува сите радиодифузери во најкус рок да го усогласат емитувањето на рекламите од оваа кампања со регулативата.

АВМУ ЕУ кампања референдум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.