Јеменските власти денеска соопштија дека 28 лица загинале во борбите меѓу провладините сили и бунтовниците Хути во градот Ел Фаз.

Бунтовниците убиле најмалку 18 провладини војници и раниле 30, додека најмалку 10 бунтовници ги загубија животите.

Провладините сили напредуваат со помош на коалицијата предводена од Саудиска Арабија долж западниот брег на Јемен во текот на последните неколку недели.