Фудбалерите на Ајакс зачекорија кон големото финале во Лига Европа по убедливиот триумф над Олимпик Лион со 4:1 во првиот полуфинален меч. Бертран Траоре беше двоен стрелец за холандската екипа во првиот настап на преименувата „Амстердам арена“ во арена „Јохан Кројф“. Репрезентативецот на Буркина Фасо кој меѓу „копјаниците“ е на позајмица од Челзи погоди во 25 минута и во 71. Во листата на стрелци се додадоа уште Каспер Долберг во 34. и Аин Јунес во 49.
Почесниот за тимот од француската Лига 1 беше дело на Матје Валбуена во 66 минута. Во второто полуфинале, утревечер (20.45 ч.), ќе играат Селта и Манчестер јунајтед. Реванш полуфиналните средби се закажани на 11 мај, финалето е на „Френдс арена“ во Стокхолм на 24. овој месец.
https://www.youtube.com/watch?v=bahdm_IQh4w