-Немаме време за губење. Бугарија отсекогаш го прифаќала, го бранела и гарантирала правото на Република Македонија да стане полноправна членка и во Европската унија и во НАТО. Нашата држава беше прва што ја призна Македонија во 1992 година и сега е вистинско време да видиме кои се заедничките проекти кои можеме да ги направиме заедно за младите луѓе да останат во Бугарија и во Македонија, вели во интервју за бугарската новинска агенција БГНЕС потпретседателката на Бугарија Илиана Малинова Јотова, пред нејзината денешна посета на Република Македонија.
Таа додаде дека нејзината посета има работен карактер и оти ќе се сретне, меѓу другите, со премиерот Зоран Заев и со претседателот на Собранието Талат Џафери.