Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јовески ќе ги преземе оние предмети што ќе му ги дадат од СЈО

0
By Соња Петрушевска on September 6, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јовески  ќе ги преземе предметите кои ќе му ги дадат од СЈО, соопштија од Јавното обвинителство. Одлуката била донесена на стручен колегиум на јавните обвинители на кој било разгледано писмото од Катица Јанева, но и од обвинителите од СЈО.

„Јавното обвинителство го разгледа Известувањето испратено од Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите доставено преку судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје и Известувањето од  јавни обвинители на тоа обвинителство, при што зазеде став да ги преземе во надлежност и натамошно постапување предметите кои ќе му бидат предадени од Јавното  обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“, соопштија од Јавното обвинителство.

Предметите ќе бидат предадени да продолжат во надлежните јавни обвинителства.

Од државното обвинителство појаснуваат дека ваквиот став е заснован на уставната положба на Јавното обвинителство како единствен државен орган надлежен за гонење на  сторителите на кривичните дела  и на други казниви дела.

Обвинителството се повикува на начелото на легалитет на кривичното гонење, според кое јавниот обвинител е должен да преземе кривично гонење, ако постојат докази дека е сторено кривично дело за кое се гони по службена должност, како и  обврската во име на општеството да се грижи за ефикасноста на кривично – правниот систем,   почитувајќи го принципот на правна сигурност на граѓаните како темелна вредност на владеењето на правото.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која е во притвор, од затворот во Шутка достави барање до Јавното обвинителство да ги презеде сите истраги и предмети на СЈО, дури и судските предмети кои се пред пресуда.

Професорот Гордан Калајџиев, кој присуствуваше на консултациите во Министерството за правда, каде беа и Јовески и обвинителката од СЈО ленче Ристовска, смета дека Јанева нема право од притвор да делегира предмети на Јавниот обвинител кои ги добила законски и да ги трансферира кај Јовески.

„Законот за СЈО не предвидува сите предмети да преминат во Јавното обвинителство. Таа можност во Законот за СЈО важи само за предметите кои СЈО нема да ги заврши, со оглед на ограничените ресурси и време на дејствување, а во никој случај не важи за сите предмети“, рече Калајџиев пред консултациите во Министерството за правда за новиот Закон за јавно обвинителство.

Калајџиев: СДСМ и ВМРО ДПМНЕ треба да кажат зошто не договорија наследник на Јанева

Камбовски: СЈО ја одигра својата улога, предметите сега треба да преминат во Обвинителството

 

Јовески Катица Јанева СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.