Здружението на Полјаци во Република Северна Македонија – Клуб „Полоња“ вечерва од 19 часот, со пригодна културно-уметничка програма во Музејот на македонската борба, ќе го одбележи дведеценискиот јубилеј од формирањето.
На програмата ќе бидат дела од Шопен во изведба на пијанистот Глигор Гелебешев и Јасна Аврамовска-Костенарова.
Ќе бидат доделени благодарници на повеќе истакнати личности од нашата втора татковина – Македонија кои подигнаа многу мостови на соработка меѓу нашите две пријателски земји и направија да се чувствуваме пријатно во текот на нашите животи, отворајќи го богатството на разноликоста и подавајќи раце за прифаќање на помалку познатото кое го донесовме со нас, соопшти Клуб „Полоња“
Клубот „Полоња“ има ограноци и во Гостивар-Тетово, во Охрид-Струга и во Струмица-Радовиш каде што младите генерации подолг период имаа можност да го изучуваат полскиот јазик и да се организираат културно-уметнички програми.