Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јубилеј: Одбележување на 200 години од раѓањето на Достоевски

0
By Sashko on November 11, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 11, 2021 08:37

Катедрата за славистика на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Рускиот центар при Универзитетот „Кирил и Методиј“ од денеска до 16 овој месец организираат низа настани по повод 200 години од раѓањето на еден од најпознатите руски писатели од 19-от век, Фјодор Михајлович Достоевски.

Одбележувањето на јубилејот започнува денес со промоција на збирката студентски преводи „Проект Достоевски: 200 години“, кој вклучува преводи на помалку познати текстови на Достоевски направени од студентите на Катедрата за славистика.

По промоција на зборникот ќе се одржи проекција на видеото „Ракописот на Достоевски“ на Московското калиграфско училиште и ќе биде прикажана видеоекскузија „Москва на Достоевски“. Двете видеа се на руски јазик, а се преведени на македонски јазик од студентите на Катедрата за славистика.

Во петок, Рускиот центар при УКИМ организира тркалезна маса на тема „Достоевски и современоста низ призмата на индивидуалниот и општествен морал“ на која за моралните дилеми во делата на писателот и како тие се рефлектираат на современата стварност ќе зборуваат проф. д-р Мишел Павловски и проф. д-р Лорета Георгиевска од Институтот за македонска литература, како и проф. д-р Милан Ѓорѓевиќ од Богословскиот факултет и Кирил Минанов, писател и активист.

Одбележувањето ќе заврши на 16 ноември со предавањето „Ф.М. Достоевски: рецепција на творештвото и пророчки идеи“  кое ќе го одржи д-р Људмила Хворова, професор на Факулетот за филологија и новинарство на Тамбовскиот државен универзитет „Г.Р. Державин“ во Русија. 

годишнина Македонија одбележување Фјодор Михајлович Достоевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.