Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јункер и Хан в недела во Македонија: Која е пораката

2
By Нова ТВ on February 23, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, в недела доаѓа во официјална посета на Македонија, во придружба на комесарот за проширување Јоханес Хан.

Засега се потврдени средби со премиерот Зоран Заев и со претседателот Ѓорѓе Иванов, но не се исклучуваат и дополнителни.

Јункер и Заев треба да одржат и заедничка прес конференција, потврдуваат од Европската Комисија.

Во Европската Комисија одбиваат засега да влегуваат во детали околу пораките кои ќе им бидат пренесени на македонските претставници, особено во однос на решавањето на спорот за името.

Од македонската Влада пак, оценуваат дека „ова е важен момент за презентација на Стратегијата, но и за охрабрување на владите да ги удвојат напорите за постигнување на новите скратени цели“.

Како што во повеќе наврати изјави вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, Стратегијата е добра за Македонија, бидејќи се валоризираат успесите на земјата во однос на реформите.

Тој очекува дека Извештајот на Европската комисија за  напредокот на земјата, кој ќе биде соопштен на 17 април, треба да донесе деветта по ред препорака за отпочнување преговори.

Која е пораката

Јункер посетата ја најави при презентирањето на самата стратегија на 6 февруари, чиј наслов е “Западниот Балкан е интегрален дел од Европа”.

Но, целта на стратегијата е Западниот Балкан да стане интегрален дел од Европската унија (ЕУ). А до таму патот е долг послан со многу работа.

Ова е дел од пораката што во Македонија ќе ја донесе првиот човек на ЕК Жан-Клод Јункер за време на неговата посета.

Јункер ќе ги посети сите балкански земји за да им ја претстави лично стратегијата што ја иницираше токму тој во септември 2017 година кога изјави дека ЕУ треба да даде креидибилна перспектива за членство на Балканот во ЕУ. Нешто подоцна, во ноември, тој додаде дека, според него, Србија и Црна Гора ќе станат членки на ЕУ пред 2025 година.

“Сакам да го повторам моето убедување дека е неопходно да ја задржиме отворена ЕУ перспективата за Западен Балкан. Во овој момент по се изгледа не е можно да примиме нови членки во 2019 година (з.н. во 2019 година завршува мандатот на Јункер), но сакам на европската перспектива да не се гледа како покана, туку како континуирана потреба за овој дел на Европа”, порача Јункер.

Без национален консензус со срце и ум нема влез во ЕУ

Прво, Комисијата бара сериозно зајакнување на правните држави на Балканот и вистинска борба против корупцијата бидејќи секаде на Балканот владее чувство дека некои луѓе не можат да бидат казнети. А медиумите во многу земји се под контрола на власта.

Второ, економиите на балканските земји не се компетитивни и економијата е исто така под контрола на власта. На ова исто така треба да му се стави крај за да можат земјите да напредуваат кон ЕУ и за да можат да отвораат работни места особено за младите.

Трето, тука се билатералните проблеми мораат да се решат. Комисијата подвлекува дека ЕУ «нема да ги вовезува овие кавги» па трајни решенија мора да бидат најдени «пред земјата да влезе во ЕУ».

Четврто, и исто толку важно како и претходните три точки, е фамозниот консензус на државата за влез во ЕУ: политички и општествен консензус со кој граѓаните ќе ја дадат својата “поддршката и со срце и со ум”, вели стратегијата.

Накусо, пораката на Комисијата на Јункер е – ако сакате во ЕУ, акцијата треба да започне веднаш.

Мандатот на Јункер на чело на ЕК завршува во 2019 година

ЕК Јункер Македонија Могерини посета стратегија Хан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.